Home » Digital » Подигнати првите жалби заради кршење на GDPR против Фејсбук и Гугл

Подигнати првите жалби заради кршење на GDPR против Фејсбук и Гугл

Организациите кои се занимаваат со заштита на приватноста на корисниците, предупредија на праксата на “присилна согласност“

Уште првиот ден од стапувањето на сила на новата Општа регулатива за заштита на податоците – GDPR, стигнаа и жалбите за кршење на овие права против Фејсбук и Гугл, пишува AdAge.

Организациите кои се занимаваат со заштита на корисниците, ги обвинија интернет гигантите за кршење на GDPR, затоа што ги “присилуваат“ потрошувачите да дадат согласност на нивните услови за давање услуги. Новите прописи упатуваат на тоа како компаниите можат да ги собираат и користат податоците, кои видови на објаснувања мора да ги даваат и кога и како да бараат согласност.

Бидејќи новите правила стапија во сила во петокот, веб страниците, апликациите и електронските услуги ширум Европа, започнаа со прикажување pop-up пораки кои ги известуваат корисниците за овите правила за податоците и бараат нивна согласност.

На пример, Фејсбук ги води европските корисници низ серија на ажурирани правила за видот на податоци кои ги собира во корисничкиот профил, како може да ги користи податоците собрани на надворешни веб страници и услугата на препознавање на лица. Иако Фејсбук им допушта на корисниците да одбијат одредени опции, како што е препознавање лица, ги присилува да ги прифатат вкупните услуги за давање на услугите, со цел да ги продолжат својот однос со оваа друштвена мрежа.

Google нуди слично обрзувачко известување на Андроид телфоните, каде што корисниците кои нема да ги прифатат условите на користење, не можат да ги користат своите уреди.

Во петокот, таквите тактики на “присилна согласност“ беа први на ударот на критиките на европските заговорници за заштита на приватноста. Тие подигнаа жалби во четири земји против Google, Facebook, Instagram и WhatsApp. (Фејсбук ги поседува Instagram и WhatsApp.)

„Фејсбук дури ги блокира профилите на корисниците кои не дадоа согласност“, изјави Макс Скремс, активист за приватност во организацијата None Of Your Business – NOYB. „На крајот корисниците беа приморани да бираат или да го избришат профилот или да кликнат на копчето “прифаќам“. Тоа не е слободен избор, тоа повеќе потсеќа на изборен процес во Северна Кореја.“

И порано се очекуваше дека идејата за “присилна согласност“ ќе се најде во фокусот на заговорниците за приватноста. Нивниот аргумент е дека интернет компаниите треба да ги понудат своите услуги без потрошувачите да ги “прифаќаат“ собраните податоци за таргетирано огласување.

Меѓутоа, GDPR допушта компаниите да собираат и користат податоци, ако тоа е неопходно за нивното работење, а тоа веројатно ќе биде аргумент на кој ќе се повикуваат овие компании.

„Изминатите 18 месеци се подготвувавме да бидеме сигурни дека ги исполнуваме барањата на GDPR,“ изјави Ерин Еган, директор за приватност во Facebook. „Ги направивме правилата појасни, до поставките за приватност сега се пристапува поедноставно и воведовме подобри алатки со кои корисниците можат да пристапат, да ги превземат или избришат своите информации. Нашата работа на подобрување на приватноста на корисниците нема да престане на 25 мај.“

Застапниците за заштита на приватноста, исто така, не се задоволни со начинот на кој Facebook ги информира европските потрошувачи за нивните опции за податоците, карактеризирајќи ги нивните постапки како манипулативни и креирани на начин да извршат притисок врз луѓето да дадат согласност.

Тие тврдат дека Фејсбук ги намамил корисниците да ги прифатат нивните услови со поставување лажни нотификации во известувањето – мали црвени меурчиња во иконите на врвот на почетната страница на Фејсбук кои се појавуваат кога некој има порака.

Еве како во жалбите е опишан еден таков случај на мамка за луѓето да кликнат на обрасците за согласност: “Контролорот користел дополнителни “трикови” за да изврши притисок врз корисниците: на пример, страницата за согласност вклучувала две лажни црвени точки (повреда на член 5 1.) (а) – ниту е “фер” ниту е “транспарентно”), што укажувало на тоа дека корисникот има нови пораки и известувања, до кои не може да пристапи без согласност – дури и ако во такви случаи корисникот немал такви известувања или пораки. “

Треба само да се напомене дека компаниите кои ја кршат GDPR, можат да добијат казна во висина од 4% од нивниот вкупен годишен промет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365