Home » Во фокусот » Подморница исплови среде Милано (Видео)

Подморница исплови среде Милано (Видео)

Жителите и бројните туристи кои вчераутро се шетаа низ Милано, ги дочека шок, кога на само неколку метри од катедралата Дуомо се појави горен дел од подморница која изгледаше како да штотуку испловила на плоштадот притоа оштетувајќи го плочникот и околните возила.

Веста се прошири набрзина на интернет и беше топ тема на неколку социјални мрежи….Што точно се случи во Милано?

Погледнете повеќе фотографии од овој настан.

По кратката нејаснотија меѓу локалците и на интернет, излезе дека утрото подморницата била монтирана таму како дел од маркетинг кампањата на италијанската осигурителна компанија Europ Assistance IT со која сакаше и си направи дополнителен публицитет.

Овој “перформанс“ е дел од кампањата “Заштити го твојот живот

Целиот подвиг имаше и кореографија со пожарникари и брза помош, кои под полна опрема регираа на излегувањето на подморницата и се обидоа да помогнат во несреќата.

Погледнете го видеото:

 

 

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

One comment

  1. Pozdrav do avtorot i pofalba za noviot dizajn na portalot ! Bravo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365