Home » Во фокусот » Погледнете ги тајните пораки кои ги кријат логата на познатите компании

Погледнете ги тајните пораки кои ги кријат логата на познатите компании

Како што Данците во една од рекламните кампањи на Кока-Кола успеаја во “личниот потпис” на овај светски бренд да остават и свој национален печат, своето знаме, така многу комапании со своето лого понекогаш испраќаат скриена порака

Големите, светски познати компании не станаа лидери преку ноќ, нивниот пат кон успехот бил долг, а малите тајни на дизајнерите и логоата какви што ги препознаваме денес, помогнаа во препознавањето и позиционирањето на пазарот.

Компаниите трошат многу време и пари за да дојдат до вистинското лого за нивниот производ. Значи, не изненадува тоа што во логото има многу повеќе од она што можеме да го забележиме на прв поглед. Многу логоа имаат прилично интересни скриени дизајни.

Логото на секој бренд е личен потпис, начин на комуникација и можеби најважниот маркетинг адут, бидејќи е уникатно и препознатливо. Затоа е многу важно каква приказна ќе им раскаже секое лого на потенцијалните потрошувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365