Home » Во фокусот » Погледнете го ова моќно музичко видео-глув танчер преку танц ги “зборува“ стиховите на песната со знаковен јазик

Погледнете го ова моќно музичко видео-глув танчер преку танц ги “зборува“ стиховите на песната со знаковен јазик

Агенцијата BETC Париз и непрофитната организација La Parole aux Sourds (“Словото на глувите”) се здружија за да го создадат проектот Unsilenced, кој е  соработка помеѓу француско-американскиот елекронски бенд Haute (кој ја создаде музиката за спотот) и англискиот танчер Били Рид кој ги напиша стиховите на песната и ги толкуваше во самиот спот.

Снимано во црно-бела техника, видеото е без сомневање визуелно впечатливо, особено со изразен и емотивен танцов стил на Били  Рид и движења во ритамот на мелодијата.

Но она што го прави ова видео навистина уникатно не е неговата визуелна привлечност, туку фактот дека ова не е музичко видео за инструментална песна!

Били е всушност е глув, и преку танц тој ги “зборува” стиховите на песната со знаковен јазик. Стиховите ги напишал користејќи го неговото чувство на допир за да го почувствува ритамот на музиката. Били самиот го опиша својот танц: “Најтешкиот дел на изведување на Unsilenced беше тоа што моите раце пееја, додека нозете го слушаа ритамот.”

Овој импресивен спот е во режија на Албан Корет од компанијата Insurrection films, кој претходно работеше на спотови за ѕвезди како Дрејк, Алт-Џеј, Тревис Скот и други. Проектот, сепак, не завршува само на спотот, туку продолжува на страната Unsilenced.fr, интерактивен веб-сајт кој им овозможува на гледачите да го откријат текстот на песната. Оние кои сакаат, може и да ја остават донација за поддршка на работата на организацијата за изградба на мостови помеѓу заедницата на глувите и оние кои можат да слушаат.

Погледнете го и видеото за изработката на овај спот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365