Home » Во фокусот » Погледнете ја рекламата која е забранета во Велика Британија затоа што е премногу политичка

Погледнете ја рекламата која е забранета во Велика Британија затоа што е премногу политичка

Емитувањето на рекламата која укажува на последиците од производство на палмино масло е забрането во Велика Британија,  бидејќи рекламата е премногу политичка

Британскиот ланец на супермаркети „Iceland“ во април во своите продажни центри ја забрани продажбата на палмино масло, а причината е големото загадување на животната средина предизвикано од зголемената побарувачка за палмино масло. Овој проблем го опишаа многу ефикасно во својата нова телевизиска реклама, каде што мал орангутан и` објаснува на една девојка дека луѓето го уништиле неговиот дом поради палминото масло.

Анимираната реклама стана многу вирална на социјалните мрежи. Сепак, таа е забранета. Канцеларијата за одобрување на реклами во Велика Британија која ја сочинуваат претставници на четирите главни комерцијални телевизиски куќи во земјата, ја забранија рекламата, со оправдување дека ги прекршува правилата за политичко рекламирање.

“Гринпис” е оригиналниот творец на оваа реклама во кој се укажуваат проблемите во врска со производството и продажбата на палмино масло, а која со месеци е прикажувана на страниците на Гринпис.

Основачот на британскиот ланец на супермаркети “Iceland “, Малколм Вокер истакна дека се работи за филм во кој зборува Ема Томсон. “Добивме дозвола да го поставиме нашето лого наместо на Гринпис. Тоа требаше да биде наша божиќна реклама која би била многу подобара од нашиот конкурент Џон Луис. Многу е емотивна”, изјави Вокер за Гардијан.

Бидејќи се рашири дека рекламата е забранета, корисниците на социјалните мрежи масовно ја споделуваат. Петицијата на страницата Change.org собра повеќе од 630.000 потписи. Забраната реклама доведе до невидена популарност и на брендот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365