Home » Во фокусот » Портрет направен од вештачка интелигенција продаден на аукција за речиси половина милион долари

Портрет направен од вештачка интелигенција продаден на аукција за речиси половина милион долари

За споредба, едно дело на Пикасо е продадено за отприлика иста цена

Слика создадена од вештачка интелигенција е продадена за речиси половина милион долари минатата недела на аукција во аукциската куќа Кристи.

Портретот наслов ” Edmond de Belamy, from La Famille de Belamy ” е продаден за 432.500 долари, иако првичната проценка на Кристи била од 7.000 до 10.000 долари.

Портретот е дело на францускиот арт колектив Obvious, а Кристи го рекламираше како на прва слика создадена од страна на вештачка интелигенција која се продава на аукција, пишува Њујорк тајмс.

За споредба, делото е продадено по истата цена како и линорезот на Пабло Пикасо “Buste de femme d’apres Cranach le Jeune“.

Продажба сепак не помина без контроверзи, па некои го критикуваа Obvious, тврдејќи дека GAN алгоритмот (Generative Adversarial Network) многу уметници го користат во нивната работа веќе со години.

Треба да се напомене дека Obvious не бега од овие факти, па во својата изјава им дадва заслуга и на другите кои користеле вештачка интелигенција во уметноста, пред се` Јан Гудфелоу, кој го создаде GAN алгоритмот, како и уметникот Роби Барат, кој се наведува како главна инспирација во нивната работа .

“Ова е возбудлив момент и се надеваме дека веста за оваа продажба во преден план ќе донесе и други неверојатни дела на нашите претходници и колеги кои ќе ги создадат”, изјавија од колективот Obvious.

Барат исто така го користел GAN алгоритмот во својата работа, а веројатно најимпресивните резултати се актите создадени од страна на алгоритам со вештачка интелигенција. Како што посочи самиот Барат, вештачката интелигенција има насликано луѓе како “аморфно месо, со екстремитети кои случајно растат од нив”, а на крајот постави и малку вознемирувачко прашање: “Се прашувам дали машините навистина не` гледаат така?”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365