Home » Digital » Повеќе од една милијарда преземања! Оваа социјална мрежа е најголем конкурент на Фејсбук

Повеќе од една милијарда преземања! Оваа социјална мрежа е најголем конкурент на Фејсбук

Кинеската апликација TikTok е преземена повеќе од милијарда пати на паметните телефони

Кога станува збор за бројот на корисници, Фејсбук е недопирлив, па и покрај сите проблеми кои ја следат оваа мрежа и компанијата во текот на изминатата година, повеќе од две милијарди луѓе од целиот свет секој месец на Фејсбук проверуваат вести, објавуваат статуси, фотографии, комуницираат со други луѓе, итн.

Мрежата на Закерберг не може да ја загрозат ниту Twitter и Snapchat (иако Snapchat е важен поради големиот број на млади корисници), Pinterest има свој начин на работа и не се обидува да се натпреварува со Facebook, Google со Google + одамна се помири со поразот и подигна бело знаме на овој пазар, а малкумина денес се сеќаваат на мрежата Vero која беше актуелна одреден период. Instagram, кој има повеќе од една милијарда корисници, не треба ниту да се споменува бидејќи е мрежа во сопственост на Фејсбук.

Но, на исток се појави нов конкурент кој може да ги загрози Фејсбук и Инстаграм во иднина – мрежата TikTok. Станува збор за социјална мрежа и видео платформа која е сè повеќе популарна, има сè повеќе корисници и привлекува сè поголем број на познати личности, односно инфлуенсери. Во TikTok, корисниците објавуваат кратки видеа, им додаваат ефекти, филтри и слично и особено е популарна кај помладата популација.

Според информациите на компанијата која се занимава со анализа на податоци Sensor Tower, TikTok има повеќе од една милијарда превземања, од кои само минатата година е преземена повеќе од 660 милиони пати. И покрај тоа што не е позната како Фејсбук, TikTok е гигант на пазарот на социјалните мрежи, особено во Азија, со проценета пазарна вредност на компанијата ByteDance (која е основач на TiкToк) од дури 75 милијарди долари.

Треба да се напомене дека оваа бројка од една милијарда преземања се однесува и на верзијата TikTok lite, како и за регионалните верзии на апликацијата, но не и на бројот на симнувања на Андроид во Кина (името на оваа мрежа во Кина е Douyin). Исто така, бројот на превземања не се однесува и на бројот на корисници, затоа што дел од луѓето ја преземаат апликацијата на телефон, ја пробуваат и повеќе не ја користат или ја бришат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365