Home » Во фокусот » Познатата меме фотографија ќе биде забранета бидејќи е сексистичка

Познатата меме фотографија ќе биде забранета бидејќи е сексистичка

Така барем одлучија властите во Шведска

Овој меме е искористено во анализата на трендовите во популарната култура, во политички контекст и во коментарите за кревката природа на човечките односи, но е сексистичко. Ова е барем мислењето на специјалното државно тело во Шведска.

Комисијата во Шведска утврдила дека сликата ја опишува жената како “сексуален предмет” и прикажува стереотипна верзија на мажите и затоа ги крши правилата кои се однесуваат на дискриминација во рекламите.

Зад оваа одлука застана претседателот, но и од сите членови на комитетот за контрола на содржини во рекламите во Шведска, а беше донесена откако 15 лица поднесоа жалба.

Мемето прикажува фотографија на маж кој гледа во девојка која поминува – на негодување од неговата девојка, а во зависност од тоа што авторот на ова меме сака да порача, се менува текстот на фотографијата.

Ширењето на оваа фотографија започна во 2017 година и за многу кратко време достигна голема популарност.

Но, кога почна да се користи од шведскиот интернет провајдер Bahnhof во Фејсбук и Инстаграм реклами, официјалните тела беа известени по поплаките од одредени корисници.

Во рекламата компанијата Bahnhof бара вработени, а сликата сугерира дека таму ќе бидат попривилегирани отколку на нивното тековно работно место.

På jakt efter ett nytt jobb? Just nu letar vi efter säljare, drifttekniker och en skillad webbdesigner. Kolla in vår sida med lediga tjänster här: https://www.bahnhof.se/om/karriar

Posted by Bahnhof on Wednesday, April 4, 2018

Самиот пост на Фејсбук доби над 900 коментари, позитивни и негативни.

– Комитетот одлучи дека жената во црвено, која претставува фокус на сликата, е претставена како сексуален објект поради реакцијата на момчето. Исто така, сликата е обезличувачка за мажите поради начинот на кој тој гледа во друга жена додека е со партнерката. Притоа, рекламата сугерира дека менувањето на партнерите е лесно како промена на работата, според изјавата во соопшението на надлежниот орган за контрола на содржината во рекламите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365