Home » Во фокусот » Познати победниците на REGPAK 2015

Познати победниците на REGPAK 2015

Во склоп на фестивалот на амбалажата FEST.A CROPAK 2015, кој изминатата недела се одржа во Загреб, беа доделени и наградите за најдобра амбалажа на хрватскиот (CROPAK 2015) и регионалниот (REGPAK 2015) пазар.

Доделувањето на наградите дванаесета година по ред го организираа компанијата Tectus d.o.o. , Институтот за амбалажа и печат – Tectus-IasT како и стручниот магазин Ambalaža/REGprint од Загреб.

Победници на овогодинешното издание на REGPAK 2015 за најдобра амбалажа на производ за регионалниот пазар се амбалажите: “Или или лампи“ на Grupa Studio од Хрватска дизајнирана од Marko Šesnić, Goran Turković и Andrea Sužnjević од Šesnić&Turković д.о.о. Хрватска  и “WellBe наменски чоколади“ на Бамби а.д. Србија со дизајн на Mihaela Drakulović од Orange studio д.о.о. Србија

????????????????????????????????????

“Или или лампи“

REGPAK - WellBe namjenske čokolade

“WellBe наменски чоколади“

Доколку сакате да ги погледнете победниците по неколку категории за домашното, хрватското CROPAK 2015 натпреварување, следете го ОВОЈ ЛИНК.

Сите добитници на наградите CROPAK и REGPAK добиваат право за учество на меѓународното натпреварување за наградата WorldStar која повеќе од 50 години ја доделува Светската организација за амбалажа (WPO) чиј член е и Институтот за амбалажа и печат – Tectus-IasT од Загреб.

Меѓу вкупно пријавените 137 амбалажи од целиот регион се најдоа и две од Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365