Покрај Kerrie Finch од агенцијата FinchFactor предавање ќе одржат и Ivan Pols, креативен директор од агенцијата Adam&EveDDB и Francesco Urso, бренд менаџер од компанијата Procter&Gamble
(РЕГИОН) – Учесниците на Денови на комуникациите, централниот Хрватски национален фестивал за адвертајзинг, кој ќе се одржи од 14. до 17. април 2016. во ровињскиот хотел Lone во организација на HURA и IAB ги очекува предавања од светски признати стручњаци за комуникација, брендирање и огласување. Нови познати и влијателни имиња од индустријата кои доаѓаат на Денови на комуникациите се – Kerrie Finch, основач и извршен директор на агенцијата FinchFactor, Ivan Pols, креативен директор од агенцијата Adam&EveDDB и Francesco Urso, бренд менаџер од компанијата Procter&Gamble.
После ПР кариерата во успешната агенција Wieden+Kennedy Амстердам, Kerrie Finch во 2009. година основа агенција FinchFactor, во која е на чело веќе седум години. Агенцијата денес има свои канцеларии во Лондон, Амстердам и Лос Анџелес и е позната како водечка агенција за репутациски менаџмент на глобалните брендови. Нејзиното искуство во комуникациите вклучува и настапи на фестивалите како Cannes Lions и Eurobest и работа со потрошувачка технологија, животен стил, уметност и забава.
На предавањето на Денови на комуникациите Kerrie Finch ќе се соочи со лагите поврзани со поделбите и раздвојувањата поврзани со ПР-от и огласувањето во моментите кога меѓународната креативна индустрија минува низ својата најдрастична преобразба. Покрај стратегиите за друштвените мрежи, mobile и brand content, кои маркетинг миксот го направија извонреден, Kerrie ќе зборува и за тоа зошто брендовите и агенциите и понатаму се потпираат на старите модели кои спрема ПР и маркетинг агенциите се однесуваат како спрема вонземски планети, кои се движат во своите одалечени галаксии. Таа како професионалец за репутациски менаџмент ќе подели и неколку клучни вистини за работата во глобалната креативна индустрија, меѓу која е и онаа која вели дека ПР-от е гравитациско средиште на сите комуникациски универзуми.
Ivan Pols, креативен директор на агенцијата Adam&EveDDB, на три континента работел буквално се, од графички дизајн до арт дирекција, од веб до интерактивен дизајн и илустрација, а од време на време работал и ИТ поддршка. Неговата работа за брендовите како што се Dove, Audi, Philips и Shreddiesе е наградувана ширум светот, а неколку среќни кампањи нашле свое место во учебниците, ТЕД говорите и видео пародиите. Агенцијата Adam&EveDDB последните осум години креира познати божиќни кампањи за британскиот бренд John Lewis, а Ivan Pols ќе направи се да објасни како тие годишни кампањи ја подигаат енергијата во агенцијата и го зацврстуваат секој бренд под агенциски покрив и каква возбудлива и необична култура е потребно да имате за производство на толку посакувани кампањи.
Francesco Urso, бренд менаџер од компанијата Proctor&Gamble, верува дека креативноста е клучен извор за раст на брендот. Во склоп на тоа, на Денови на комуникациите ќе одржи предавање на тема “Sharing the dream”, објаснувајќи како наверојатната креативност започнува од две личности во иста просторија кои делат исти сон. Врз основа на тоа ќе даде одговор на прашањето зошто тоа не се случувa често. После 9 години искуство во Proctor&Gamble, Francesco на Денови на комуникациите ќе ги сподели и своите видувања за тоа како повеќе да сонуваме заедно.
Повеќе информации за програмата, котизацијата и сместувањето, ќе пронајдете на сајтот: www.danikomunikacija.com.