battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » ПР за почетници: како да не ја ИЗГУБИТЕ работата

ПР за почетници: како да не ја ИЗГУБИТЕ работата

Работите како ПР за голема компанија. Вашиот сон е остварен. Ги раководите ПР активностите на проектите во таа компанија – OKCupid, Vimeo и The Daily Beast, меѓу другите. Таа компанија е всушност медиумски конгломерат. Време е за мал одмор до Јужна Африка, затоа што и го заслужувате тоа. Пред да се качите на својот 12 часовен лет, го отворате Вашиот твитер профил и твитнувате без многу мислење:

SC

 

И се качувате на авионот, со 12 часовен период пред Вас без интернет. Најубаво.

Ама не е.

Твитер се буди и во тие 12 часа Вие го губите работното место, Вашата компанија се оградува од Вас и успевате да налутите една цела држава. Плус онаа кај што ќе слетате.

Но, по ред сега. Додека Џастин Сако е во лет, Твитер почнува да врие со негативни коментари во однос на гореспоменатиот твит. А, бидејќи пожарот брзо се шири (и лет од 12 часа во меѓувреме), добивате хаштаг #HasJustineLandedYet. Штом слетува на аеродромот во Кејптаун, некој твитер корисник прави фотографија од неа со објаснување дека е конечно “на земја” и Сако ги зема работите во свои раце – бришејќи го целото свое online присуство. Дури и компанијата го брише нејзиниот профил од нивната страна додека е таа во лет. Со добиен отказ и јавно искажано извинување отпосле, Сако и не може да направи нешто плус.

Од сето тоа, некои корисници на интернетот ја регистрирале веб страницата www.justinesacco.com со цел истата да упатува на сајт на кој што се даваат донации за борба против СИДА во Африка. Позитива.

Што е најлошо од сето ова? Како ПР професионалец, зарем е можно да не го знаете првото основно пишано/непишано правило – “број до 10 пред да кажеш/твитнеш нешто”?

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365