Home » Во фокусот » Предавачот кој (повторно) го дефинира човечкото однесување доаѓа на Денови на комуникации

Предавачот кој (повторно) го дефинира човечкото однесување доаѓа на Денови на комуникации

Со поддршка на хрватски Телеком, на фестивалот доаѓа експертот за бихевиорална психологија и автор на бестселер за однесувањето на потрошувачите, Марк Ерлс, ака HERDmeister

Денови на комуникации се побогати за уште еден предавач. Со поддршка на Хрватски Телеком, од Лондон доаѓа експертот за бихевиорална психологија и автор на бестселер за однесувањето на потрошувачите, Марк Ерлс.

Британскиот весник Гардијан го опиша како “Malcolm Gladwell on speed“. Затоа Ерлс заслужено се нарекува HERDmeister или, со други зборови, гениј за дешифрирање на психологијата на масите.

Фасцинацијата со психологија на масите на Марк Ерлс, во исто време стана и централна тема на неговите познати книги како HERD – How to Change Mass Behaviour, I’ll Have What She’s Having – Mapping Social Behaviour, Welcome to the Creative Age и многу други.

Со примена на современи бихевиорални и когнитивни науки во работењето на компаниите и знаењето на креативците во агенциите како Ogilvy, денес Ерлс се смета за еден од водечките автори кои се занимаваат со однесувањето на потрошувачите и експерт за масите.

На Денови на комуникации, Ерлс ќе се претстави со предавањето “#CopyCopyCopy“. Учесниците ќе имаат можност да слушнат како копирањето – а не оригиналноста или талентот на осамените генијалци – долго време лежи во сржта на креативноста и решавање на проблемите, затоа што цивилизацијата која е стара илјадници години не може да познава вистинска оригиналност. Неговата по малку контроверзна порака до сите учесници на фестивалот гласи: “Копирање е еден од најголемите дарови на човештвото, па зошто да не се научи да се прави добро?”

За повеќе информации за фестивалот Денови на комуникации, посетете ја официјалната страница на фестивалот www.danikomunikacija.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365