Home » Во фокусот » Предновогодишно Бизнис Кафе: “Одлучни да создаваме успешни бизнис приказни“

Предновогодишно Бизнис Кафе: “Одлучни да создаваме успешни бизнис приказни“

Периодот на само неколку дена пред новата 2018 година е одлично време да се постават “резолуциите“ и “определбите“ за годината која не` очекува.

Повеќе пари, подобра грижа за здравјето, повеќе дружење со пријателите или едноставно повеќе посетени туристички дестинации – се дел од целите кои веројатно многумина од сите нас ќе си ги постават. Ние од “Бизнис Кафе Македонија“ имаме уште една да додадеме: “Ќе создадеме уште повеќе успешни бизнис конекции, ќе мотивираме уште повеќе претприемачи и ќе помагаме на сите да бидат подобри и поуспешни во тоа што го работат“, и знаете што, нема да чекаме за тоа да помине 31-ви декември, туку почнуваме уште неделава! :)

Ве покануваме да ја отвориме заедно новата (5-та) сезона од Бизнис Кафе оваа среда (6-ти декември) со почеток од 18:00 часот во Next Bar во Скопје, на нова бизнис дружба да споделиме енергија која ќе не мотивира во целата наредна година!

Со нас овојпат имаме 3-ца успешни професионалци кои ќе ни ги споделат своите бизнис-искуства и ќе не посоветуваат што мора да направиме и на што мора да внимаваме. Дојдете да се дружиме заедно со: Младен Чадиковски, главниот и одговорен уредник на Телевизија24, со Донка Марковска, директорка на сектор за финансиско управување во НЛБ Банка и младата Ива Спасовска, сопственик на модно атеље.

Спремете:

  • добри прашања кои ќе можете да ги поставите за време на разговорот на модераторот со гостите или подоцна во делот за неформално дружење,
  • желба за вмрежување со уште 100-тина други успешни бизнисмени (земете повеќе визит карти).
  • широка насмевка и позитивна енергија!

    Заедно да се мотивираме и да се дружиме! Се гледаме во Среда од 18:00 часот во Next Bar во Скопје.

Повеќе информации за тоа како да си ја резервирате Вашата карта за настанот, прочитајте ТУКА.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365