Home » Extra 5 » Преку 100 брендови оствариле партнерство со Game of Thrones – еве дел од нивните кампањи

Преку 100 брендови оствариле партнерство со Game of Thrones – еве дел од нивните кампањи

Во неделата беше емитувана првата епизода од новата и последна сезона на најпопуларната играна серија во светот „Game of Thrones“. Колку всушност е популарна серијата говори и фактот дека има остварено комерцијално партнерство за лиценцирани производи со преку 100 брендови ширум светот – повеќе од која било друга телевизиска серија или емисија во историјата.

Во продолжение Ви претставуваме дел од кампањите на овие брендови, ласнирани по повод новата сезона.

Adidas

Модел на патики во различни бои инспирирани од Game of Thrones.

Црвен Крст

Кампања за поттикнување на крводарителството.

Mountain Dew

Лимитирана едиција на лименки со листата на Арја Старк. Повеќе за кампањата тука.

Oreo 

Колачиња со грбовите на различните семејства од Game of Thrones. Повеќе за кампањата тука.

Ommegang Brewery

Ново пиво „For The Throne“ со 9,5% алкохол.

Американска бејзбол лига

Фигурини кои ја комбинираат Game of Thrones со маскоти на бејзбол тимови.

AT&T

Телекомуникациска компанија која ги преуреди своите главни продавници во Бостон, Чикаго, Њу Јорк и Сан Франциско во стил на Game of Thrones.

Bud Light

Супербол реклама на пивскиот бренд во која ги соочува Грегор „The Mountain“ Клегејн со Bud Knight (Витезот Бад).

John Varvatos

Дизајнерска облека инспирирана од Game of Thrones – Кожна јакна од Винтерфел за 2,698 долари, јакна од коноп за 1,698 долари и јакна од лен за 1,498 долари. И секако серија маици од по 100 долари.

MeUndies

Долна облека со змејови.

Urban Decay

Шминка која доаѓа со четки обликувани како мечови.

Johnnie Walker

Виски за бели шетачи. :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365