Home » Extra 5 » Преку азбуката влезете во светот на Биби

Преку азбуката влезете во светот на Биби

Со големо задоволство ви најавуваме дека азбуката на сезнајката Биби од синоќа влезе во домовите на нашата детска публика преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi. Секоја буква е своја приказна и токму преку примерите на Биби децата ќе го откријат нејзиниот свет.

– Повеќе од 6.000 прегледи на азбуката на Биби за 16 часа, позитивни коментари од публиката, дечиња кои веќе ги повторуваат зборчињата на Биби нѐ охрабруваат дека сме на добар пат Биби да им стане најдобро другарче на децата. Со неа ќе можат да учат многу работи, но и многу да се забавуваат затоа што најлесно се учи низ игра – вели Марјан Алексовски, еден од основачите на Факултети.мк и продуцент на серијалот за Биби.

Oд работите што таа ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини на палавата Биби. Веќе на 21 октомври, во терминот од 19 часот  на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi, заедно со своите родители ќе може да ја проследат и првата сказна на Биби, „Биби и животните“. При крај е и подготовката на сликовницата на Биби, која наскоро ќе биде промовирана.

Зад „Светот на Биби“ стои тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк, засилен со креативците – илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365