Home » Медиуми » Претставена новата веб страница на единствениот хрватски магазин за културата на брендирање – Бренд култура!

Претставена новата веб страница на единствениот хрватски магазин за културата на брендирање – Бренд култура!

Денес во Studiju Smijeha во Загреб, со утринско кафе, слатки закуски и доза на сериозност е претставено електронското издание на единствениот хрватскиот магазин за културата на брендирање – Бренд култура.

Гостите од светот на бизнисот, медиумите, образованието, како и клиенти, соработници и пријатели на маркетинг агенцијата Dhar media, како и партнери на проектот Superbrands Hrvatska, го прославија претставувањето на веб страницата brendkultura.com.

Во краток говор, извршниот директор на Dhar mediа, Леа Брезар, истакна: “Во светот на огласување и комуникации секогаш се бара поголема креативност, а тоа добро го знаат брендовите и нивните креативни и комуникациски агенции. Уметноста на брендирањето денес, стана дел од културата, без брендирање на сопственото име, производ или услуга, целосно сме невидливи. Да се стане видлив и во светот на професијата, е значајно признание за брендовите  и креативците на сите нивоа – почетници и великани во светот маркетинг и комуникацискиот свет, а Бренд култура препознавајќи ги таквите играчи создава одлична содржина”.

Леа Брезар

Јосипа Челиниќ, уредник на Бренд култура, ја истакна важноста на постоењето на вакво списание за професијата со потребната симбиоза меѓу офлајн и онлајн изданието. “Бренд култура е посебен проект кој нема сличен на него. Магазинот е комплетно авторско дело кое е автентично и стручно, со доза на оние кул елементи. Во прегледен дизајн и текстови кои со леснотија ќе ги прочитате, претставуваме посебни приказни за брендовите, за кои се зборува и за кои би требало да се зборува, помагаме за видливоста на новите брендови, промовираме добри иницијативи, прогласуваме најкул кампањи и ги славиме сите успеси со брендовите заедно. Поради се` поголемиот интерес за нашите теми, не само стручни, туку и за пошироката публика, лансиравме и веб страница, која ни дава бројни дополнителни можности за комуникација на вашите инспиративни почетоци, брендирање, лансирање на производи, ребрендирање, како и сите други новости за вашиот бренд. “

Јосипа Челиниќ

За Бренд култура се зборуваше и од редовите на професијата, па на Brandfast, Влатка Камениќ-Јагодиќ од ХЕП, изјави: “Чест ми е што имам можност да кажам нешто за Бренд култура, магазин кој со задоволство го чекам секој месец. Во морето на политички весници и списанија, Бренд култура е единственото списание за маркетинг и вистинско освежување за сите нас маркетери. Премногу интересни теми и интервјуа, инспиративни приказни и настани, се она што Бренд култура го прават посебен. Читањето на Бренд култура повторно во мене го буди оптимизмот и секој месец ме потсетува зошто толку ја сакам својата работа. Ви честитам за лансирањето на веб страната, која ме прави многу среќна и ви посакувам уште многу добри приказни и успех во понатамошната работа.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365