Home » Digital » Приходите на Фејсбук надминаа 10 милијарди долари

Приходите на Фејсбук надминаа 10 милијарди долари

Социјалната мрежа Фејсбук информираше дека нејзините приходи за третиот квартал од 2017 година пораснале за 47% и изнесуваат 10,3 милијарди американски долари.

Чистата добивка на компанијата достигнала 4,7 милијарди долари во изминатиот квартал, што е за 79%  повеќе од претходната година.

Според извештајот на компанијата, 88% од вкупните приходи од огласувањето доаѓаат од корисниците на мобилни уреди. Огласувачите веќе подолго време ги пренасочуваат парите од телевизиско во огласување на веб и мобилните платформи, а Фејсбук е една од компаниите која од тоа има најголема полза.

Според податоците од бизнис извештајот, Фејсбук на крајот на второто тромесечје имал 2,07 милијарди активни месечни корисници ширум светот, што е 16% повеќе од минатата година. Притоа, две третини од нив ја користеле оваа социјална мрежа секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365