Home » Во фокусот » Пријавите за BalCannes се отвараат на почетокот на јуни

Пријавите за BalCannes се отвараат на почетокот на јуни

Најдобрите проекти на агенциите оваа година ги избира жири составено од огласувачи

BalCannes, регионалната ревија на најдобрите агенциски кампањи, на почетокот на јуни го најавува отварањето на пријавите за петтото издание на BalCannes, кој традиционално ќе се одржи на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ. Иако на официјалната страница на BalCannes правилникот со новите прописи за натпреварување ќе биде објавен во јуни,  агенциите уште сега можат да започнат да ги подготвуваат своите најдобри проекти.

Balcannes

Голема новина на овогодинешното издание на BalCannes ќе биде жири комисијата составена од претставници на огласувачите, некои од најдобрите во регионот, што е дополнителен мотив за сите агенции да ги пријават своите кампањи и да ги импресионираат клиентите кои на  BalCannes секоја година се се` повеќе присутни и кои будно ги следат успесите на агенциите. Воедно, со тоа на огласувачите им е дадено уште поголемо значење на фeстивалот.

Бидејќи квалитетот на пријавените кампањи од година во година расте, новото жири го чека тешка работа да ги одбере најдобрите проекти од рагионалниот пазар. Потсетуваме дека најинтересните 25 кампањи, претставниците на агенциите ќе можат лично да ги претстават со петминутна презентација во главната сала на Викенд Медиа Фестивалот во ударен термин.

Организатори на BalCannes се HURA (Хрватско здружение за деловно комуницирање) и  Weekend Media Festival.

Повеќе информации за BalCannes на www.balcannes.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365