Агенцијата Ретинк со новата кампања за Гринпис нè тера подобро да размислиме кога користиме цевки
Веќе навикнавме да гледаме одлични кампањи за зачувување на животната средина од невладините организации, а овој пат имаме прилично импресивна серија на печатени реклами за организацијата Гринпис Канада.
Овој пат, невладината организација за зачувување на животната средина се здружи со агенцијата Ретинк за да ја подигне свеста за опасностите од пластиката за жителите на океаните преку серија реклами за принт реклами наречени Straws Suck. Впечатлива визуелни прикази на некои од овие жители и нивните неволји со навидум безопасните пластични цевки силно ја комуницираат основната порака на кампањата: “Не го цицајте животот од нашите океани.”
Додека некои компании веќе работат на тоа како да се ослободат од пластичните цевки, се` уште постојат милиони компании кои треба да се одат по нивните чекори, па агенцијата ги дизајнира овие принт реклами, со цел да ги натера компаниите, како големи, така и мали, малку подобро да размислат при користењето на навидум безопасните пластични цевки.
“Пластичните цевки се само првиот чекор. Треба да започнеме разговор и за употребата на другите еднократни пластични производи, како што се капачињата, чашите и другите пакувања, како и начините на кои тие придонесуваат за кризата во загадувањето со пластика”, објасни агенцијата во описот на кампањата, на некој начин, најавувајќи продолжение на оваа кампања.