Home » Во фокусот » Природата и пчелите добија неочекуван сојузник во кампања која сака да ги спаси од изумирање

Природата и пчелите добија неочекуван сојузник во кампања која сака да ги спаси од изумирање

Научната заедница со години предупредува за изумирање на пчелите, што би можело да има страшни последици за човечката популација и за планетата во целина.

Во борбата за нивно спасување се појави еден неочекуван сојузник, кој сака да им помогне на пчелите да се размножуваат – Pornhub. Оваа платформа за забава за возрасни соработуваше со агенцијата BETC Париз за да лансираат специјален канал “Beesexual”, кој, се разбира, содржи голем број на пресмешни “Bee Porn” видеа, како и информативни видеа во кои глумат ѕвезди од филмовите за возрасни.

“Природата е “bee-сексуална”, што значи дека повеќето растенија имаат потреба од пчели за да се размножат. Затоа, Pornhub го објави почетокот на својата кампања “Beesexual” за да помогне да се спаси популацијата на пчелите. На неодамна лансираниот канал, корисниците можат да уживаат во кратките видеа на пчели кои собираат полен, во кои гласот го позајмуваат ѕвезди од индустријата на забава за возрасни “, се вели во соопштението од агенцијата.

За овој проект, Pornhub соработуваше со реномирани организации посветени на спасување на пчелите, Operation Honey Bee и The Center for Honeybee Research, а секој преглед на видеата ќе генерира донација за оваа организација.

Што се однесува до идејата за кампања, од агенцијата BETC Париз велат дека се соочиле со една неодамнешна студија во која се наведува дека повеќе од 700 видови пчели во Северна Америка се соочуваат со исчезнување, што претставува сериозна закана за земјоделството бидејќи овие опрашувачи се од суштинско значење за одржување на земјоделското производство. Всушност, се проценува дека годишното производство на храна во вредност од 235 милијарди долари во голема мера се потпира на придонесот на пчелите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365