Home » Во фокусот » Пристоп е прогласена за агенција на годината во Словенија

Пристоп е прогласена за агенција на годината во Словенија

На синоќа завршениот 23-ти Словенски огласувачки фестивал (СОФ), агенцијата Пристоп (Pristop) е прогласена за најдобра маркетинг агенција во Словенија за минатата година. За најдобар бренд е Si.mobil Ortho, за најдобра продукција на ТВ реклама е наградена продукциската куќа Pakt Media а за најдобра продукција на радио оглас – продукциската куќа “100“.

Пристоп својата доминација на фестивалот ја најави со освојувањето на три големи награди за изградба на најдобар корпоративен идентитет (за BSA – Branimir Slokar Academy ), за најиновативна кампања (“Preglejte svojo streho iz zraka”) и за дигитална кампања на годината (“Get out anyway ” За Телеком Словенија).

По две големи награди освоија уште и агенциите Mayer McCann која двете награди (за најдобра интегрирана кампања и најдобра содржина) ги доби за кампањата “Enkratno je stvari uporabljati večkratno“) и Publicis која беше наградена за најдобар принт (“Odiseja“ за Renault Nissan) и најдобар outdoor настап за кампањата “Cankar – Prešeren – Kosovel“ по нарачка на Националниот Младински Совет на Словенија.

Во категоријата филм, за ТВ реклама на годината е прогласена “ORTO документарец“, која за потребите на Si.mobil ја изработи агенцијата Luna\TBWA.

Погледнте ја во продолжение :

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365