Home » Во фокусот » Продолжени пријавите за овогодишниот BalCannes!

Продолжени пријавите за овогодишниот BalCannes!

Најдобра агенција во регионот од BalCannes оди во Кан

Пријавите за овогодинешното регионално натпреварување, кое по седми пат се одржува во рамките на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ, се продолжени за уште една недела, поточно до 07.09. 2018 година.

Сите заинтересирани, оваа година, можат да ги искористат посебните придобивки при аплицирање за 4 + 1 гратис и 7 + 3 гратис; за првите четири проекти пријавени од страна на иста агенција, петтиот проект се пријавува бесплатно, додека за првите седум проекти поднесени од иста агенција, не се наплаќаат дополнителни три проекти.

Организаторите на BalCannes ќе ги покријат трошоците на добитникот на наградата за најдобра агенција за поднесување на еден проект на натпреварувањето во Cannes Lions во 2019 година, а за наградите ќе одлучува жири составено од 25 експерти, претставници на клиенти, агенции и новинари од повеќе земји во регионот. Истовремено, натпреварувачите ќе имаат можност од прва рака да дознаат како за нивните проекти посебно размислува секој од трите состави на жирито – клиентите, агенциите и медиумите.

На BalCannes се натпреваруваат мали проекти или големи кампања, но исто така и домашни проекти, односно оние кои се креирани за странските пазари, на кои BalCannes им доделува награда за најдобар комуникациски проект креиран за странски пазар, како и за најдобар проект реализиран на регионалниот пазар.

Пријавите се отворени онлајн на www.balcannes.com/prijavnica.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365