Home » Digital » Продор на Амазон во светот на дигиталното огласување

Продор на Амазон во светот на дигиталното огласување

Оваа платформа добива се поголем удел на пазарот благодарение на маркетерите кои ги пренасочуваат своите буџети од други платформи

Неодамна беше објавено дека приходите на Амазон од продажба на реклами се речиси двојно зголемени, во споредба со претходната година, достигнувајќи 3,4 милијарди долари во четвртиот квартал од 2018 година. Сега доаѓа и една нова студија која исто така, укажува на продолжување на силниот раст на овој бизнис сегмент за најголемата компанија на светот за е-трговија.

Компанијата посветена на огласувачките технологии, Nanigans, во соработка со истражувачите од Advertiser Perceptions, тврди дека половина од трговците на мало во 100 малопродажни компании во САД кои генерираат најмалку 50 милиони долари годишно, преку инвестиции во дигитално рекламирање, очекуваат да ги зголемат нивните буџети наменети за Амазон оваа година.

Овие малопродажни компании веќе насочуваат 14% од буџетот за дигитално рекламирање на Амазон, што компанијата засега ја рангираше на третото место зад Гугл (21%) и Фејсбук / Инстаграм (19%). Но, велат дека буџетите за Амазон ќе се зголемат во просек за 25% во 2019 година.

Околу една третина од нив планираат да ги пренесат средствата од буџетот за Фејсбук/Инстаграм (34%) и Гугл (29%), додека 41% планираниот ново зголемување на буџетот за покривање на зголемените трошоци за Амазон.

Според истражувањето, трговците веруваат дека Амазон ги надминува и Гугл и Фејсбук/Инстаграм на некои клучни индикатори за успешност, иако изразиле одредена резервираност во врска со платформа за огласување на Амазон.

40% од нив велат дека се загрижени поради фактот што Амазон поседува премногу нивни податоци, а речиси една третина од нив (31%) го сметаат малопродажниот дел на бизнисот на Амазон како директен конкурент на нивниот сопствен бизнис.

Покрај тоа, повеќе од половина (57%) од испитаниците предвидуваат дека евентуално и Амазон би ги злоупотребил корисничките податоци, како што тоа го направија и другите големи дигитални играчи, додека 48% очекуваат дека потрошувачите се повеќе одбиваат искуство со рекламирање на оваа платформа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365