Home » Во фокусот » Проектот “Зелена идеја” го привлече вниманието на екололошките производители – примени вкупно 74 пријави

Проектот “Зелена идеја” го привлече вниманието на екололошките производители – примени вкупно 74 пријави

Хрватското здружение на агенции за деловна комуникација (HURA), објави дека на натпреварот на проекти “Зелена идеја” објавен во октомври 2013 година, се пријавиле вкупно 74 локални органски (еколошки) производители. Проектот организиран од страна на HURA и партнерите, кој имаше за цел обезбедување на бесплатни маркетинг услуги и поддршка на локалните еколошки производители во нивното појавување на пазарот, со оваа бројка докажува дека предизвика големо внимание и интерес меѓу еколошките производители во Хрватска.

Од вкупниот број на пријавени проекти, независното стручно жири избра 16 еко производители кои ги задоволувале  утврдените критериуми и покажале најголем потенцијал за раст.

Скратениот избор на производители со кои ќе се соработува, зависеше од бројот на пријавени партнери на проектот кои изразија желба бесплатно да го вложат своето знаење и ресурси, со што на еколошките производители кои немаат финансиски средства би им се овозможило ангажман од маркетинг професионалци.

Domagoj Račić[1]

Претставникот на стручното жири Domagoj Račić од Mreže znanja по повод затворањето на натпреварот изјави: “Толку големиот број на апликации е одличен показател за вредноста на проектот Зелена идеја, но и доверба во вклучените маркетинг агенции. Не се сомневам дека потенцијалот и ентузијазмот кој го покажуваат избраните еколошки производители, дополнително ќе ги мотивира агенциите за создадат што поквалитетен производ, како поуспешно би се пласирал на пазарот. Сега следат состаноци и усогласување на соработката на производителите со агенциите, чии резултати ги очекуваме со нетрпение и оптимизам. “

13.11.2013., Zagreb - Vanja Osredecki , agencija Imago.Photo: Jurica Galoic/PIXSELL

13.11.2013., Zagreb – Vanja Osredecki , agencija Imago.Photo: Jurica Galoic/PIXSELL

Хрватска е позната по своите врвни вина и екстра маслиново масло. Веќе и самите производи даваат инспирација за паметни, иновативни и ефективни креативни решенија. Маркетинг агенцијата ИМАГО со своите специјализирани единици ImagoBox – за брендирање и визуелен идентитет на амбалажите, Единица и нула – за онлајн комуникација и Проектил – за осмислување и организирање на настани е идеален избор за интегрирано маркетиншко решение кое е потребно за избраниот клиент –Земјоделска задруга Маслинка и вино. Се радуваме на соработката и успехот на клиентот”, изјави Vanja Osredečki, Client Service директорка на Имаго рекламната агенција, една од партнерските агенции на проектот Зелена идеја.

 По изборот на еко производителот од страна на стручното жири, 16 маркетинг агенции вклучени во проектот Зелена идеја ги избраа оние производители со кои тие ќе соработуваат. Маркетинг агенцијата на еко производителите, ќе им направи една или повеќе од работите наведени во пријавата на натпреварот, а според договорот за соработка ќе бидат изработени до 01 април оваа година. Агенциите и организаторот на проектот HURA, сите конечни трудови ќе имаат можност да ги претстават на изложбата во Загреб во април и на професионалниот собир – Денови на комуникациите и Weekend Media Festival, и да ги додадат во портфолиото на својата работа.

 Листа на агенции вклучени во проектот кои ќе соработуваат со следните органски производители:

Агенција Libra со Anyo d.o.o. – производител на вегетаријански сирења од соја и производи од сирење,

Агенција Proximity Zagreb со OPG Babac Sandra  – производител на органски џем од смоква,

Агенција TBWA\Zagreb со Obrtom Annapurna – производител на органски производи на базана соја и пченица,

Агенција Unex Grupa со Banovina agrar d.o.o  – одгледување на говеда од расата Ангус и Црни славонски свињи,

Агенција Web burza и iZone со OPG Denis Bogoević-Marušić  – производител на еколошки вина

Агенција BBDO Zagreb со OPG Duhaček  – производител на мед и пчелни производи,

Агенција Status Grupa со OPG Ivan Veselić  – производител на мармалад и џем и други производи од овошје и зеленчук,

TF Marketing со OPG Krnić Lovro – производител на еколошки мед и пчелни производи,

Агенцијата Digitel& со OPG Ljiljana Diktić – одгледувач на овошје и зеленчук и производител на производи од овошје и зеленчук,

Агенцијата Bruketa&Žinić OM со OPG Marica Jug  – одгледувач на овошје и зеленчук и производител на производи од овошје и зеленчук,

Агенција Omega Media со OPG Mario Sever – производител на органски зеленчук и житарици,

Агенцијата Imago со Земјоделската задруга Маслинка и вино / Polača – производител на еколошки вино и маслиново масло,

Агенција K&K Promotion со Stancija Kumparička d.o.o. – производител на производи од козјо млеко

Агенција Gingernet со OPG Nikica Žampera – производител на козјо сирење и маслиново масло,

Агенција Grey Zagreb со OPG Šime Škaulj  – производител на еколошки вина,

Агенцијата Studio Marketing JWT Zagreb со OPG Šimunić Berislav – производител на мед и пчелни производи.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365