Home » Во фокусот » Иван Станковиќ ја промовираше “Основи на Какодалогијата“

Иван Станковиќ ја промовираше “Основи на Какодалогијата“

Денеска во Скопје, во “Кино Фросина“, беше промовирана книгата “Основи на Какодологијата“ на Иван Станковиќ, сопственикот на маркетинг агенцијата Комунис од Србија

Иван во огласуваката индустрија е присутен од 1979 година. Има завршено Економски факултет и има работено во неколку маркетинг агенции.

Во 1990 година, заедно со Драган Сакан во Србија ја основаа првата мултинационална агенција за Југоисточна Европа Saatchi&Saatchi која во годините што следеа се прошири на територијата на цела поранешна Југославија, отварајќи канцеларии во Словенија, Хрватска, Македонија, БиХ, Бугарија и Албанија. За него се врзуваат проектите за воведување на многу познати производи како што се Марс, Проктер&Гембел, Кока-Кола, Џонсон&Џонсон, Вригли итн..

Во текот на 2002 година, Иван Станковиќ ја основа својата комуникациска група која во себе ја има маркетинг агенцијата Комунис, медиската агенција Media S и продукциската агенција Yellow production. Од 2010 неговата групација склучува договор со DDB – една од најголемите светски комуникациски групации и оттогаш агенцијата работи како “Комунис ДДБ

Од неговата “кујна“ излегоа некои од најистакнатите маркетинг кампањи за : Књаз Милош, Цептер осигурување, Гранд Арома и Гранд Де Лукс, Мерцедес Бенз итн..

Агенциите на Станковиќ се добитници на бројни домашни и странски награди за креативна работа а на Иван му е доделена и награда за животно дело (УЕПС)

Издавачи на македонската верзија од книгата се “Публишер“ дооел Скопје.

Иван Станковиќ - Промоција на книгата Основи на Какодалогијата

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365