Home » Extra 5 » Пронајдете бесплатни WiFi мрежи со помош на овие корисни апликации

Пронајдете бесплатни WiFi мрежи со помош на овие корисни апликации

Барате пристап до безжична мрежа која е сигурна и квалитетна? Наместо да барате сами, погледнете ги овие корисни апликации и веб страници кои ќе ви го олеснат секојдневието и потрагата по интернет.

  1. Instabridge App: Free WiFi Passwords and Hotspots

Instabridge е своевидна гемифицирана база на бесплатни Wi-Fi мрежи кои ја одржуваат и оценуваат корисниците. Се` што треба да направите кога ќе дојдете во кафе-барот или ресторанот е да ја вклучите опцијата на телефонот за Wi-Fi додека апликацијата е активна, да ја изберете безжичната мрежа на локалот и ќе бидете автоматски логирани.

Кога ќе откриете нова Wi-Fi оаза, можете како совесен и многу корисен член на заедницата, да ја запишете лозинката и за гостите после вас. Instabridge е достапна на iOS и Android и целосно е бесплатна.

  1. WiFox

WiFox е сеопфатна база на безжични мрежи на аеродромите во светот. Достапна е како веб страница, а можете да ја инсталирате и на Android и iOS. За само 2 евра, оваа апликација автоматски ќе ве поврзе на Wi-Fi мрежата на аеродромот, а вие ќе се поштедите од потрага по летоците кои детелно ви објаснуваат што точно треба да направите за се поврзете на интернет.

   3. Avast Wi-Fi Finder

Овај софтвер за пронаоѓање на Wi-Fi мрежи, како што кажува и самото име, става акцент на веб сигурноста. Општо е познато дека бесплатните Wi-Fi хотспотови често се поврзуваат со хакерски замки, кражба на идентитетот и вируси.

Avast Wi-Fi Finder им ги прикажува на корисниците сите достапни хотспотови, како и оние кои се во релативна близина. Пред да се поврзете на некоја, Avast ќе се обиде да провери дали се работи за сигурно место или не. Ова е мала, но значајна алатка која не ја нуди ниту еден друг софтвер за пронаоѓање на безжични мрежи.

Avast Wi-Fi Finder е бесплатен и достапен на Android и iOS.

     4. Places to work

Places To Work е веб база на квалитетни безжични мрежи. Ако и` дадете пристап до вашата локација, на мапата ќе видите точно кои места нудат привремено место за работа кое можете да го користите до крајот на денот. Секако, некои од локациите се кафулиња, каде за да користите бесплатна Wi-Fi мрежа ќе мора да нарачате нешто од нивното мени или пак coworking простор каде можеби ќе треба да платите повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365