Home » Во фокусот » Проверете колкава плата земаат вработените во ХРТ

Проверете колкава плата земаат вработените во ХРТ

HRT logo

(РЕГИОН) – Хрватската Радио Телевизија (ХРТ) стана првата јавна институција во Хрватска која јавно ги објави податоците за бруто платите на своите вработени.

Генералниот директор на ХРТ, Горан Радман има највисока плата која изнесува 42.073,58 куни (околу  5,500 евра).

Втора по висина плата добива заменик генералниот директор – 31.235,78 куни (~ 4,130 евра), трета новинарите-ментори (3,536 евра) а четврта највисока плата добиваат советниците-ментори (3,222 евра).

Новинарите-уредници имаат бруто плата од околу 1,150 евра а коментаторите од 2,268 евра. Извршните уредници добиваат надохнада од околу 3,000 евра а бруто платата на главниот уредник изнесува 2,795 евра.

Износите за платата од првиот квартал на 2015 година, на сите работни места, во куни, можете да ги погледнете на следниов ЛИНК.

Извор: Poslovni.hr

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365