Home » Extra 5 » Прв стартап саем за кариера во Македонија

Прв стартап саем за кариера во Македонија

CareerLaunch е саем за вработување во најиновативните македонски tech и стартап компании

Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје го организираат првиот стартап саем за кариера кој ќе ги поврзе професионалците и талентираните студенти со македонски tech и стартап компании.

CareerLaunch Cover

Преку саемот за кариера намерата е да им се овозможи  на индивидуалците да ја пронајдат својата работа од соништата, а стартап компаниите да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализацијата на идеите, иновативните проекти и нивниот целосен развој.

Без разлика дали сте студент, вработен или фриленсер, CareerLaunch е можност за сите индивидуи кои бараат прилика за започнување на кариера во тимови и компании кадешто постои интензивна средина за учење и се негува креативноста и иновативноста.

Дополнително ќе има практични работилници кадешто самите компании ќе го споделат своето знаење за програмирање, дизајн, маркетинг и друго со посетителите.

Место и датум

Настанот ќе се одржи во Среда на 13ти Октомври во Јавна Соба [Public Room] од 14.00 до 19.00 часот.

Програма

Саем за вработување. Посетителите ќе можат да се запознаат и разменат контакти со наши најдобри tech и стартап компании. Покрај тоа, посетителите — “идни надежни претприемачи” ќе можат да се сретнат и со организациите кои поддржуваат развој на стартапи.

Конференција/Презентации.

Како дел од агендата ќе има презентации од претприемачи, претставување на успешни македонски приказни, работилници со фриленс професионалци, мини-обука со експерт во човекови ресурси…

Настанот е бесплатен

Пријавувањето е задолжително за посетители на следниот линк.

За Компании

Доколку сакате да учествувате со вашата стартап компанија на CareerLaunch контактирајте не на careerlaunch2016@gmail.com или 077–553–737

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365