Home » Во фокусот » Прво па машко ! МекКен Скопје финалисти на SEMPL !

Прво па машко ! МекКен Скопје финалисти на SEMPL !

Одлични вести од Порторож ни стигнаа синоќа !

Како што веќе пишувавме, за прв пат во 15 годишната историја на SEMPL, семинарот на медиа трендови, кој претставува своевидно финале на регионалните маркетинг фестивали во регионов – во натпреварувачкиот дел конечно имавме и претставник од македонската маркетинг индустрија.

МекКен Скопје, агенцијата која единствена ја брани честа на македонската маркетинг сцена во натпреварувачкиот дел на овој фестивал годинава, со своите проекти за клиентите “Алкалоид Скопје“ и “Винарија Тиквеш“, успеа своето учество да го направи подвиг и да оствари 100% успех пласирајки се во самото финале со двата пријавени проекти.

Од вкупно пријавените 75 проекти, филтерот го поминаа 23 кои ја сочнуваат листата на потесни финалисти во вкупно 6 категории.

МекКен Скопје се финалисти во категориите Е (Најдобра употреба на дигиталниот свет) со нивната кампања за Тиквеш “Вински Бон-Тон“ и категоријата Ф (Најдобра кампања на социјалните медиуми) со нивната кампања за Алкалоид “Бекутан Радосница“.

McCann Skopje

Целата листа на финалисти на овогодинешното издание на SEMPL на следниов линк.

Во продолжение погледнете ги двата проекти на МекКен Скопје за Алкалоид, односно Тиквеш кои остварија успех и се пласираа во финалето:

Becutan Radosnica

Entry maker: McCANN Skopje, Macedonia
Advertiser: Alkaloid AD Skopje
Author: McCANN Skopje
Co-workers: Irina Maja, Biljana Pesevska, Ivica Jovanovik

 

Tikves Wine Bon Ton
Entry maker: McCann Skopje, Macedonia
Advertiser: Tikves Winery
Author: McCann Skopje
Co-workers: Biljana Pesevska, Ivica Jovanovik, Goran Dimovski

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365