Home » #M365Voice » PR Voice: Марко Костадиновски (Why Not Communications)

PR Voice: Марко Костадиновски (Why Not Communications)

Марко Костадиновски

М365: Како ја оценувате 2018 за вашата ПР агенција? Што е она по што ќе ја паметите најмногу?

Изминатата година според мене беше турбулентна.  Цело време работите како да беа во исчекување од политичката ситуација која ја одбележа. Очекувањата во нашата компанија како и секогаш се големи, но плановите сепак се реални. Изминатата година е генерално успешна. Среќни сме што ја заокружуваме оваа година со првиот избор на Мажи на годината кај нас, настан кој јавноста одлично го прифати, и наиде на позитивни коментари.

М365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР професионалците и новинарите во Македонија?

Симбиозата помеѓу ПР професионалците и новинарите во Македонија е неопходна и е навистина на професионално ниво. Наидуваме на добра комуникација речиси секогаш. Нашата индустрија е сериозна и соработката со медиумите е една од главните алки во целата работа. Искуството кое го имаме како агенција, и јас како професионалец, е на едно високо ниво.

М365: Што е она што најмногу Ви смета како пракса на медиумите во Македонија?

Ми смета непрофесионалноста на дел од нив. Ја разбирам нивната работа, но едноставно мислам дека мораме да работиме заедно кон подобрување на генералната слика.  Она што најмногу ми смета е непознавањето на сериозноста на нашата работа. Според мене, постојат медиуми кои не ја препознаваат нашата работа, и сеуште не ја прават разликата за која говориме наназад со години, помеѓу маркетинг и ПР агенции, помеѓу агенции кои се занимаваат со закуп на медиумски простор. ПР-от е една сериозна гранка, која опфаќа многу аспекти, а не е само дистрибуција на текстови и соопштенија за медиуми. Ова што го зборувам не е генерална слика за медиумите, но е реалност со кој се среќаваме со одредени медиуми.

М365: Која е Вашата желба за 2019 година за комуникациската индустрија во Македонија ?

Мојата желба е да работиме на едукација на компаниите во Македонија, да работиме на унапредување на односите со медиумите, да работиме на личниот развој и да инвестираме сите заедно во нашата индустрија. Да ги направиме очекувањата на компаниите реални, да не им се даваат лажни очекувања. Да имаме подобар однос сите ние кои работиме во оваа индустрија и заедно да напредуваме, бидејќи така дефинитивно ќе успееме многу. Сакам да креираме настани, да работиме на генералниот имиџ и среќа во јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365