battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Пу,пу неважи….Гемиус се премисли

Пу,пу неважи….Гемиус се премисли

Пред 15-тина дена на Маркетинг365 ја објавивме веста  “ “Гемиус” почнува да наплаќа – сајтовите се двоумат дали да продолжат да се мерат“ , откако “Партнерите“ (сајтовите кои се мерат преку Гемиус) добија предлог-договор заедно со ценовник за понатамошна соработка со Гемиус – што предизвика силна реакција кај интернет медиумите кои генерално сметаа дека цените кои Гемиус ги понуди се превисоки за услуга од која тие реално не добиваат ништо гарантирано.

Во дебатите кои изминативе 5-6 дена ги водевме со повеќе водечки веб медиуми се повторуваше еден одговор и став на кој повекепати наидовме а отприлика парафразиран би изгледал вака:

“Мерењето е корисно и добро е да го има зошто обезбедува некаков ранкинг а главната корист од соработката со Гемиус се демографските истражувања. Но сето тоа се податоци кои генерално ги користат маркетинг агенциите односно главно медиа планерите. Нивната работа се олеснува, тие добиваат на тацна готови истражувања преку кои реализираат нивни кампањи – па тие нека платат !

Од друга страна многу медиа планери како да не се целосно убедени во исправноста на резултатите на Гемиус, па и покрај пристапот до нив сакаат да се консултираат и со нашиот Google Analytics извештај.

Цените се високи и за попосетуваните сајтови изнесуваат по 300-400 евра, сума за која можеме да вработиме уште еден човек плус“

 

Кога за овој став ги прашавме некои од водечките луѓе во маркетинг агенциите тие ни одговорија дека ….“ генерално се согласуваат дека цените на Гемиус се скапи, но тие воопшто не притискаат дали мерењето да го врши Гемиус или некоја друга трета страна,туку само потенцираат дека мерење и демографско истражување е потребно да има….

Оваа дебата се префрли и во ИАБ Македонија, кога по неколкудневно маил-дебатирање во Понеделникот се оддржа состанок на кој покрај другите работи големо внимание се посвети и на ова. Радува фактот што некои членови на ИАБ размислуваат поотворено во целата ситуација и предложија повеќе други алтернативи за мерења ако Гемиус остане на ставот и истите цени.

Се чини дека многу луѓе го делат впечатокот дека компанијата која претендира да биде независна страна која ќе ги мери сајтовите и ќе ја истражува нивната публика си има поставено некаков таргет на заработка во Македонија кој се базира на нереални премиси кои им биле дадени во моментот кога решиле да настапат на Македонскиот пазар.

Дека некој си зел за право да ветува и преговара некаква цена, стана јасно кога утрово од Гемиус испратија порака до веб сајтовите дека претходно испратените цени биле ГРЕШКА !?, дека НЕ важат…дека има нов ценовник ! и дека цитираме : “

Во согласност со договореното со IAB Македонија, во прилог ќе ги најдете цените кои ни беа договарани за македонскиот пазар. “

Во продолжение погледнете ги цените од стариот ценовник испратен пред 15-тина дена и новиот кој се предлага:

Стар Предлог-ценовник:

НОВ Предлог-ценовник:

Гемиус, нов ценовник

Наивно е да се верува дека првиот предлог ценовник бил навистина по грешка испратен и не бил со планираните предлог-цени за Македонија, бидејќи и табелата и целиот договор се напишани на македонски јазик и веќе понудени на потпишување на веб сајтовите.

Шегобиците на сето ова би искоментирале : “Добро што се сетија после 15 дена дека грешка биле цените :) “

Многу поверојатно е дека цврстиот став на сајтовите да не продолжат да се мерат под условите кои Гемиус ги понуди, за што доказ е тоа што договор нема потпишано ниту еден од водечките веб сајтови (ил барем тие што ние ги консултиравме а се од топ 20) ги натера да размислат за намалување на цените и приспособување на реалните прилики на македонскиот интернет пазар.

Од Гемиус исто така најавија дека на 4-ти Февруари во City Park Hotel – Скопје – на отворена дебата ќе дојде Г-нот Веселин Ангелов, директор на Гемиус Бугарија – па искрено се надеваме дека таа прилика ќе биде искористена за надминување на некои несогласувања во ставовите меѓу сите засегнати страни.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365