Home » Во фокусот » Публицис групацијата го информира целиот свет дека ја лансираа платформата Marcel AI

Публицис групацијата го информира целиот свет дека ја лансираа платформата Marcel AI

Marcel ќе ја забрза трансформацијата на Публицис групацијата од холдинг компанија во деловна платформа од 80,000 вработени.  

 Публицис групацијата[Euronext Paris: FR0000130577, CAC 40] денес и официјално ја лансираше платформата Marcel – именувана според основачот на Публицис Marcel Bleustein-Blanchet –  иновација која базира на можностите на вештачката интелигенција  AI, и која ќе ја забрза трансформацијата на Публицис групацијата од холдинг компанија во деловна платформа, која ќе ги отстрани границите,  олеснувајќи ја соработката на 80.000 вработени ширум светот,  и воведувајќи нова ера во креативноста и иновациите.

На официјалната промоција на саемот Viva Technology во Париз, Артур Садоун (Arthur Sadoun), Претседател на управниот одбор и Извршен директор на Публицис групацијата, изјави:

“Во јуни минатата година Публицис групацијата го најави креирањето на платформата Marcel, со цел да поврзе 80,000 вработени, очекувајќи радикално да се промени начинот на кој тимовите и клиентите на групацијата ќе се поврзуваат, ќе комуницираат и ќе работат заедно. Оттогаш, нашата индустрија помина низ невидени предизвици, покажувајќи дека постепените промени не се решение. Потребата за реинвенција е посилна од било кога. Во Публицис групацијата, не чекавме да дејствуваме. Ние го прекршивме јазот помеѓу податоците, креативноста и технологијата. Ги уништивме нашите силоси преку Power of One. Денес, ние со Marcel ги кршиме бариерите меѓу талентот и можностите. Marcel е патување кое треба да ја пренесе Публицис групацијата од холдинг-компанија во платформа, и да им овозможи на креативните умови слобода да напредуваат во оваа постојано менлива индустрија.

Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашите вработени. Во Publicis, ние ги ставиме вработените во преден план, овозможувајќи им можност да учат, да споделуваат и да создаваат повеќе од каде било.Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашите клиенти. Тие ќе можат да ги искористат нашите неверојатни разновидни таленти за да ги оживеат идеите што им се потребни за да го развијат својот бизнис.

И, се разбира, Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашата индустрија. Ние ќе бидеме силата која ќе носи позитивни промени. Одлуката за поврзување на развојот на Марсел со нашата едногодишна пауза на учество на фестивали беше контроверзна, но неопходна. Со тоа покажавме решеност да направиме промени во нашата индустријата,  која веќе 40 години се бори со промените.

Затоа, им благодарам на нашите луѓе, на нашите клиенти и на нашите партнери од индустријата на фестивали низ целиот свет за нивната поддршка и солидарност во овој период, кој ќе заврши во јули 2018 година.

И, последно, но не и помалку важно, би сакал да им се заблагодарам на сите во Publicis Groupe кои, директно и индиректно, придонесоа за идејата и продукцијата на Marcel.

Marcel е моќта на сите нас, работиме како еден, а ние веќе почнавме да го докажуваме тоа.”

Повеќе за платформата Marcel 

Вработените се во фокус: зајакнување на капацитетите на секој вработен со моќта од 80.000 вработени

Во свет каде што луѓето повеќе не сакаат да работат за компаниите и наместо тоа очекуваат компаниите да работат за нив, Marcel е првата платформа дизајнирана на првичните бенефиции и искуства на вработените. Во неговата суштина, Marcel  овозможува зајакнување на капацитетите на секој вработен со моќта од 80.000 вработени.

Основан со верување дека преку поврзување на вработените  се постигнува подобра работа и резултати за клиентите, Marcel е изграден врз основа на четири клучни столба: знаење, поврзување, можност и продуктивност. 

Моќта на знаењето служи за едукација и инспирирање на нашите вработени преку креативна работа и осветлување на бизнисот, индустријата, сметката и културната интелигенција. Моќта на поврзување идентификува, ги спојува, гу сугерира најсоодветните луѓе во Групата за да се поврзат, во зависност од потребите на луѓето, интересите, однесувањето и желбите.

Моќта на можности обезбедува различни начини на кои секој може да придонесува, да учествува и да ги прилагоди своите вештини и желба за други проекти надвор од нивните секојдневни активности.

Моќта на продуктивност ги претвора честопати досадните мануелни активности како подготовка на табели и трошковници во неверојатно лесни задачи. Преку подготвени графички решенија со помош на Microsoft AI технологија, Marcel ќе обезбеди брзо, интуитивно, интелигентно и богато искуство за 80.000 вработени.

Иновација на ниво на компании:

Воведување на платформата Марсел (AI)  претставува храбра амбиција на Publicis Groupe која носи значајни  деловни предизвици, особено во делот на собирањето податоци.

Со повеќе од 80.000 вработени, од 1200 агенции, 4000 клиенти се опфаќаат повеќе од 5 билиони податоци кои сега преку Marcel AI овозможуваат илјадници вработени да се поврзат и да работат на заеднички проект.

Со цел да ја искористи вредноста на овие податоци, Публицис Групацијата ја создаде Платформата Marcel AI изградена на Microsoft AI и Knowledge Graph технологиите. Ги поврзува структурираните и неструктурираните податоци што постојат во организацијата, а потоа ги поврзува односите во неа.

Marcel AI  е централизиран, интегриран извор на податоци кој ќе овозможи поврзување  и заедничја работа на различни проекти. Ќе ги користи софистицираните AI алатки на Microsoft за процесирање, филтрирање, поврзување и организирање на податоците овозможувајќи многу бенефити за вработените.

“ВИ (AI) е една од најтрансформативните технологии на нашето време, но нејзината вистинска моќ лежи во тоа како може да се примени со цел да се засили човечката генијалност. И тоа е убавината на Marcel,” вели Сатја Надела(SatyaNadella),Извршниот директор на Мајкрософт. “Ние во Мајкрософт, веруваме дека не е само дека луѓето работат за компаниите – туку дека компаниите треба да работат за своите вработени. Marcel го овозможува ова верување. Тоа е она што ја прави оваа соработка толку лесна и природна.”          

———————————————————————————————————————————–

Publicis One Македонија е интегрален дел од мрежата на Публицисгрупацијата[Euronext Paris FR0000130577, CAC 40]  глобален лидер во маркетинг, комуникации и дигитална трасформација. Во своите операции во Македонија обединува широка палета на маркетинг експертизи и ресурси: од стратегиско планирање, бренд консалтинг, кретивни комуникaциски решенија, медиумско планирање и консултирање, дигитални стратегии, медиумскии и технолошки решенија, до односи со јавност и менаџмент  на настани. На пазарот во Македонијае присутна од 1996 година преку креативните агенции Публицис и Сачи&Сачи (Saatchi & Saatchi), и медиумските агенции Зенит и Старком.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365