battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Публицис и Омником добија зелено светло и од Европската комисија

Публицис и Омником добија зелено светло и од Европската комисија

Спојувањето помеѓу Публицис и Омником за кое пишувавме претходно уште во Јули минатата година кога и беше најавено, денеска доби зелено светло и од Европската комисија која го дозволи создавањето на новиот комуникациски конгломерат кој ќе биде најголем во светот и ќе обедини две од четирите најголеми светски комуникациски мрежи.

публицис, омником, групација, маркетинг агенции

Maurice Lévy (CEO на Publicis Groupe) и John Wren (CEO на Omnicom Group)

 

Новата групација која ќе се вика ОМНИКОМ ПУБЛИЦИС ГРУП и ќе биде вредна 35,1 милијарда долари, за свое прво седиште во Европа ја избра Холандија.

Ова спојување изминативе 30 дена е одобрено и од регулаторните тела на Канада, Турција, Јужна Африка, Јужна Кореа и Индија додека САД позитивно одговорија уште во Ноември минатата година. па сега воглавно се чека на Кина и Колумбија кои треба да го дадат својот одговор до крајот на Јануари оваа година.

Според проценките се очекува новата компанија сите административни обврски да ги заврши до крајот на првиот квартал годинава кога и официјално треба да започне со работа.

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365