Home » Во фокусот » Публицис ја купи Synergize

Публицис ја купи Synergize

04.12.2013

Публицис Груп утрово објави дека се стекна со 100% сопственост на Јужно Африканската маркетинг агенција Synergize, специјализирана за SEO и digital.

Формирана во 1999, Synergize е една од малкуте Google Analytic акредитирани агенции во Африка и Средниот исток нудејќи услуги за оптимизирање на пребарувачи (SEO), online маркетинг, мобилен маркетинг, веб дизајн и аналитика.

Synergize

Како што најавија од Публицис, планот е Synergize да ја интегрираат во Saatchi & Saatchi Јужна Африка како би формирале нов одел наречен Saatchi & Saatchi Synergize каде CEO ќе биде досегашниот директор на Synergize, Shaune Jordaan а CTO ќе биде Chris Corbet, ко-основачот на Synergize.

За Synergize е интересно да се спомене дека тие се актуелни победници на Bookmarks Awards, во категоријата “Search Marketing“ , награда која ја освојуваат две години со ред (2012 и 2013).

Јужна Африка е рангирана како осми најбрзорастечки адвертајзинг пазар во светот за периодот 2013-2016, така што воопшто не зачудува што Публицис Груп, една од најголемите агенции во светот стратешки се подготвува да влезе со полна сила на пазарот прибирајќи ги помалите специзализирани агенции под свое.

Ова е веќе трета аквизиција на Публицис за која пишуваме во изминативе неколку месеци после купувањето на кинеската Netalk и ETO од Франција.

На Балканот засега не се забележани некои поголеми аквизиции кои Публицис ги има направено изминативе неколку месеци, иако на големо се шпекулираше дека токму Македонската Публицис, ќе интегрира некоја од помалите специјализирани агенции во државава.

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365