Home » Во фокусот » Рахим Стерлинг во новата реклама на Најк откако прозборе против расизмот

Рахим Стерлинг во новата реклама на Најк откако прозборе против расизмот

Најк уште еднаш во центарот на општествените и политичките дебати со својата Just Do It кампања

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг е најновата спортска ѕвезда во кампањата на Најк „Just Do It“, откако го изнесе својот став за тоа како младите црни фудбалери се прикажани во медиумите.

Најк ја сподели сликата од лицето на Стерлинг на своите социјални канали со пораката: “Speaking up doesn’t always make life easier. But easy never changed anything” (“Зборувањето не го олеснува животот секогаш, но ’лесното’ никогаш не сменило нешто”).

Ова партнерство доаѓа откако Стерлинг коментираше за негативното прикажување на младите црни играчи во медиумите, што може да го “разгори расизмот и агресивното однесување.” Овие изјави дојдоа откако Стерлинг наводно, бил цел на расистичко скандирање од приврзаниците на Челзи.

Оваа реклама од Најк ја следи многу успешната реклама со Колин Каперник, која беше лансирана претходно оваа година. Каперник, поранешен играч на Сан Франциско 49ers, ја разбранува јавноста кога клекна за време на интонирањето на химната на САД за време на натпревар, со цел да го привлече вниманието за расната нееднаквост.

Некои го критикуваат Најк за мешање во политиката, додека други го фалат брендот поради неговата храброст и истрајност во борбата против социјалната неправда.

По реклама со Каперник, проценето е дека Најк “заработил” околу 165 милиони долари во форма на неплатено внимание од медиумите, додека цената на акциите скокна значително во текот на неколку недели по лансирањето на рекламата, додавајќи околу 6 милијарди во вредност на брендот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365