Home » Во фокусот » Разговор со Деан Торпе еден од најбараните гуруа за продажба и финансии во Европа

Разговор со Деан Торпе еден од најбараните гуруа за продажба и финансии во Европа

Деновиве имавме прилика да проследиме една интересна конференција со несекојдневни личности како што се Деан Торпе и Ан Бети во рамките на интернационалниот  фестивал Body Mind and Spirit. Деан Торпе е еден од најдобрите бизнис консултанти  за продажба и корпоративни финансии во Европа додека Ан Бети е успешен претприемач од Велика Британија.

Тие за прв пат беа во Македонија и имаа прилика да ја запознаат оваа земја како и да ги споделат  нивните знаења и искуства  со македонските менаџери за продажба во рамки на конференцијата “Како да ја зголемите продажбата и намалите трошоците“.  Конференцијата се одржа на 27.09.2013 (петок) во просториите на Македнска Опера и Балет.

Конференцијата беше главно фокусирана на личната мотивација за успех, стекнување на соодветен mindset кој што ќе ни помогне полесно да се продадеме и да ги постигнеме нашите лични и професионални цели.

Ова беше и прилика да поразговараме накратко со Деан Торпе и Ан Бети и да им поставиме некои прашања во однос на нивниот престој во Македонија и конференцијата:

 Со оглед на тоа дека ова е ваш прв престој, кои се Вашите импресии од Македонија?

 –          Она што најмногу ни се допадна во Македонија се гостопримливоста и љубезноста на луѓето како и прекрасните пејсажи што имавме прилика да ги видиме. Дефинитивно прекрасна земја за живеење.

Имавме можност да го посетиме Скопје и она што навистина не восхити беа старата чаршија, старите цркви и споменици како и големиот споменик на Александар Македонски.

Со оглед на тоа што зборувавте за моќта и потенцијалот на секоја личност и за постигнувањето на целите, според вас  што е најважно што човек мора да направи за да ги постигне своите цели ?

 –          Најважното нешто што секој може да го направи е да превземе позитивни акции секој ден кои што ќе го доближат поблиску до целите. Треба да се пристапува со многу елан и страст во секоја една активност, и тука резултатите сигурно нема да изостанат.

Како еден од најдокажаните  практичари на новото време и ментор на стотици успешни компании имате развиено програма за зголемување на профитот и намалување на трошоците која се базира на неколку клучни компоненти, кажете ни нешто повеќе околу неа?

– Точно, главните аспекти на програмата за која сакам да продискутирам со денешните учесници на конференцијата се : Продажбата, Успехот и Намалувањето на трошоците.

Во однос на продажбата ќе имате можност да чуете за некои напредни техники за мотивација и тука мислам дека е битно да се чуе кои се 3-те главни мотиватори за стекнување нови клиенти, Како најбрзо и ефикасно да создадете напреден и мотивиран начин на размислување за поефективна продажба, како продажниот тим да ја перцепира компанијата како своја, и за успешното преговарање како ултимативна цел.

Делот за успехот зборува за фокусот на компанијата кон создавањето на Успешни вработени, зошто само успешни индивидуалци прават успешна компанија. Тука ќе чепнеме и во концептот “векторство“.

Третиот дел е Намалување на трошоците и тука вниманието главно е насочено кон контролирањето на финансиите и како најважна работа е свесноста на вработените за процесите за намалување на трошоците.

И за крај, што би им предложите на македонските претприемачи ?

–  Да бидат мотивирани, да се трудат да стекнат  mindset и да веруваат како во себе така и во посакуваната цел. Мотивираноста е главен предуслов за успех и премиса која ја исполнува секој профитабилен претприемач,

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365