Home » Во фокусот » Бисексуалки во новата реклама за брендот чии реклами досега биле забранети 13 пати!

Бисексуалки во новата реклама за брендот чии реклами досега биле забранети 13 пати!

Од 1998 година, контроверзните реклами на овој бренд биле забранети 13 пати

Австралискиот бренд на секси долна облека, Honey Birdette, е познат по своите храбри и често многу експлицитни реклами, кои во текот на годините им донесоа 13 забрани од страна на австралиската организација Ad Standards, откако ова регулаторно тело е формирано во 1998 година.

Веќе пишувавме за еден од таквите случаи кон крајот на 2017 година, а најновиот дојде пред неколку дена. По oвoј повод, брендот ги контактираше медиумите посветени на огласувачката индустрија, со реакција на директорката на компанијата Honey Birdette, Елоиз Монаган, за најновата забрана на кампањата. Нејзината изјава гласи:

“Одлуката на одборот на Ad Standards за забраната на оваа реклама е смешна. Како е можно тоа машките брадавици да не се причина за жалба, а прикриена женска брадавица, под чипкан градник, може да доведе до сексуална злоупотреба? Колку е навредливо! Треба ли тогаш да биде побарано од сите жени да одат на плажа покриени од глава до пети за да ја избегнат можноста за напад врз себе? Ова е најнавредлива бесмислица досега, а сме 2018 година!

Одборот на Ad Standards е свесен дека ние сме мета и дека приговорите доаѓаат од одредени групи на верски фанатици што сакаат жените да носат бели ракавици и превез под изговор на “заштита на децата“. Погледнете ја сликата! Ниту едно дете нема да ја погледне и рече: “Јас сум навреден”.

Ова е застрашувачки развој на настаните за современата жена, а одборот на Ad Standards треба да се засрами. Ние сме тука за да ја охрабриме жените и ќе продолжиме да го правиме тоа”, се вели во реакцијата.

Од компанијата најавија дека сите забранети визуели во сите излози на нивните продавници сега се заменети со новата кампања, Indecent Manor, чие видео можете да го погледнете подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365