Home » Во фокусот » Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – дознај зошто сите говорат за DAMconf

Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – дознај зошто сите говорат за DAMconf

DAMconf заинтригира со програмата, одушеви со говорниците

Многумина се сѐ уште под влијание на впечатоците од фантастичната DAMconf конференција во организација на ClickAttack и медискиот партнер Nova TV, одржана во City Plaza центарот во Загреб, четврта по ред – ако не бевте оваа година, посетете нѐ следната година, а најинтересните моменти прочитајте ги во продолжение.

Возбудливиот дигитален ден започна на единствениот правилен начин – додека посетителите ги подигнуваа акредитациите, се пиеше и утринското кафе.

Конференциската сала пополнета до последното столче со публика делумно составена од сега веќе постојаната постава на конференцијата а делумно од нови лица и тоа што организаторот највеќе го веселеше со бројни студенти и млади маркетинг ентузијасти. Тоа преставуваше доказ дека DAM конференцијата станала клучен настан на кој се собираат регионални дигитални стручњаци, медиуми и брандови за да разменат знаења, да ги слушнат искуствата на другите и да добијат свежи идеи. Сите тие уживаа во вкупно 20 предавања и панели!

Оваа година фокусот беше поставен на иновациите и иднината на дигиталниот маркетинг, а се говореше и за виртуелната реалност, вештачката интелигенција и перцепцијата на Z генерацијата за медиумите. Се зборуваше како брендовите не би сноселе парични последици со промената на правилата при ракување со корисничките податоци т.е. можеше да се слушне презентација за GDPR регулативата.

Сѐ што треба да знаете за Chat Bot – от открива Viber експертката Zarena Kancheva

Оваа година беше “ангажиран” и дигиталниот домаќин кој посетителите ги водеше низ програмата – chatbot Damotron на Viber messenger, кој совршено се вклопи бидејќи темата за chatbot е една од најинтересните во дигиталниот свет. На таа тема говореа и преставниците од Addiko банка, генералниот спонзор кој оваа година и самиот во банкарството воведе плаќање со Viber chat како и самите Виберовци. Zarena Kancheva, маркетинг и ПР менаџерка на Viber за средноисточна Европа, одговори на неколку пашања – каква е сагашноста, а каква е иднината на Viber, Chat Bot – овите, Sticker – ите…

  • Кои Viber услуги најмногу ги користат компаниите?

Денес мнозинството корисници на паметни телефони трошат околу 80% од своето време користејќи најмногу 5 мобилни апликации, што значи дека Viber – една од најпопуларните дигитални дестинации – преставува исклучително атрактивно опкружување за развој на успешна маркетиншка стратегија. Нашата платформа им овозможува на брандоивте да ги постигнат своите резултати преку интегриран сет на инструменти кои можат да се прилагодат за различни намени.

Најчестиот и најуспешниот пристап (Viber for Business) кои компаниите го користат вклучува покренување на Viber Public Account, споделување многу интересни содржини со своите следбеници, интеграција на Chat Bot кој дава додатна вредност на корисниците како и промоција преку сопствени кретивни  Sticker пакети и разновидни формати на огласи на Viber.

  • Можеме ли да кажеме дека компаниите во средноисточна Европа рано го усвоиле “Viber for Business “?

Приметуваме некои навистина иновативни компании од споменатиот регион кои се свртеле кон Viber и за многу кратко време успеале да изградат силна заедница на нашата платформа. Ако постои едно нешто кое е релевантно за овие 14 пазари, тоа е пристапот темелен на резултати – и мило ни е што можеме да соработуваме со нашите партнери како максимално би ги зголемиле резултатите. Денес Viber Public Account – ите во средноисточна Европа бројат повеќе од  1M следбеници и бројката постојано расте. Имаме и примери во кои локални партнери покренуваат пилот-кампањи на неколку пазари во средноисточна Европа, а потоа ги имплементираат на глобално ниво. Работиме со големо портфолио на компании – од телекомуникациите, финансиски институции, медиумски куќи, музички и спортски марки па се до популарни личности.

  • Повратот на вложувањето во маркетинг е пресуден. Можете ли да наведете три главни причини зошто да се одбере Viber во однос на другите маркетиншки канали како и да дадете совет на маркетиншките стручњаци кои имаат мали буџети?

Главните предности на користење на Viber за маркетиншки цели се: широк досег, ангажирана публика и алатка која е развиена како би им помогнала на компаниите да ги зголемат своите резултати на брз и ефикасен начин.

Само минатата година, корисниците на Вибер размениле повеќе од 30 милијарди стикери, односно превземале 116 милиони пакети на Sticker – и. Причината за нивниот голем успех е тоа што преставуваат забавен начин на комуницирање – кој комбинира креативност и емоции со корисното и секако ја збогатуваат комуникацијата помеѓу луѓето. Од маркетиншки агол, Viber Stickeriте во различни верзии (статички, анимирани, со звук или со додатна финкција на клик) помагаат да се зголеми свеста за брендот, зголемување на заедницата и ја зацврстуваат долгорочната комуникациска стратегија која вклучува различни промотивни активности – како што се ATL / BTL, наградни игри и слично.

Неодамна, на пример, водевме кампања за промоција на турнејата на Шакира “El Dorado”. Нејзиниот тим го искористи нејзиниот службен Public Account на Viber како би понудил кодови со попусти и постигнал процент на конверзија од  11% за само неколку дена.

  • Сите ги сакаат Viber Sticker – ите, затоа не не чуди дека компаниите ги корситат за промоција. Но како корисниците реагираат на Viber Ads и Service Message? Кои се резултатите?

Кога станува збор за Service Message, сконцентрирани сме на компании кои ги промовираат своите услугу, производи и генерално му носат додадена вредност на крајниот корсиник. Такви подрачја се банкарството, осигурувањето и телеком трансакциите, taxi услугите, доставите и сите видови прилагодени претплати и ажурирања. Користејќи таков пристап, резултатите се многу охрабрувачки, со многу мал процент на откажување на претплатата. Накратко, станува збор за  CTR-u поголем од 15%.

  • 2017 е година на bot – ови. Koja е најдобрата употреба на Viber Chat Bot кај компаниите?

Како и за било која друга алатка, најдоброто користењето на Chat Bot – от мора да придонесе на додадената вредност за корсиниците. Во средноисточна Европа имаме успешни примери развиени во широк спекатар во компаниите, а грубо можат да се категоризираат во две групи: решавање на проблеми (финансиски услуги, нарачување taxi, достава на храна, продажба на влезници) или овозможување на интересни содржини (медиуми, спорт, музика, потрошувачки игри итн.)

Chat bot – овите на Viber овозможуваат голема можност за привлекување на публика на персонализиран начин. Понатамошната еволуција и интеграција со нови функции скоро се зад аголот како што се нарачување и плаќање на производи и услуги во апликацијата.   

Организациски, содржински и судејќи по првите впечатоци на посетителите и партнерите, ова беше најдобрата конференција на Clickattack до сега. Се надеваме дека ги исполнивме вашите очекувања, а сега продолжуваме со зеднички сили да ги менуваме дигиталните трендови во регионот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365