Home » Во фокусот » Нова реклама на AXE “Водете љубов а не војна”

Нова реклама на AXE “Водете љубов а не војна”

AXE, машкиот бренд за козметика, е еден од првите брендови кои предвреме ги презентираа своите реклами кои планираат да ги емитуваат за време на овогодинешниот Super Bowl, еден од најгледаните светски спортски настани.

Станува збор за видео рекламата која го следи лансирањето на новата линија производи AXE Peace. Спотот е креиран од BBH Лондон под палката на Руперт Сандерс.

Слоганот “Водете љубов а не војна“ секако не е оргнинален, но едно е сигурно… а тоа е дека оваа реклама на AXE е целосно различна од она што досега бевме навикнати да го гледаме во нивните претходни реклами.

Мислењата на светската маркетинг и адвертајзинг јавност се поделени и дијаметрално спротивни. Некои тврдат дека со оваа реклама AXE бега од својот препознатлив настап во јавноста со што го руши таргетираниот сегмент кој го сочинуваат млади и тинејџери, додека други сметаат дека ова е една највпечатливите реклами во изминатите неколку месеци која дава нова позитивна димензија како бакнежот и љубовта што ќе повлече нови млади корисници.

Погледнете ја и споделете што Вие мислите :)

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365