Home » Во фокусот » Pеклама на тоалетна хартија

Pеклама на тоалетна хартија

Претприемништвото знае да биде неверојатно иновативно.

Додајте и маркетинг креативност и ќе добиете позитивна нуклеарна бомба (би требало да го патентирам називов).

Star toilet paper е фирма базирана во САД што прави “хипоалергентска, 100% сигурна и базирана на вода” тоалетна хартија со вметнати маркетинг кампањи и пораки на неа. Да, добро прочитавте, на неа. И ја нуди истата бесплатно на компаниите кои што ќе ја побараат (обејкти од типот на ресторани, хотели и слични услужни дејности) па и големи магацини или супермаркети. Сите сакаме да читаме нешто штом сме во WC. Или можеби да?

Каде е добивката штом ја нудат бесплатно?

Финансискиот дел е целосно пополнет од  оние што сакаат да се рекламираат на овој начин. Нешто слично на моделот на free-to-air телевизиите кои што се хранат од реклами, а нудат еден вид на бесплатна содржина.

И покрај првичниот шок што сигурно го имавте читајќи за оваа идеја, откако ќе слегне прашината, оваа идеја и не е толку лоша во земја во која шо да се биде поинаков е императив при маркетизирањето на Вашите услуги. А, дали ова ќе биде кул и во Македонија, останува да видиме.

Прашањето е дали Вие како маркетер, би го вовеле ова во Вашето портфолио?

1dh34f1-photo3_0dt0i70dt0i7000000

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365