Home » Во фокусот » Рекламирање на градските автобуси во Скопје

Рекламирање на градските автобуси во Скопје

Привлечноста за рекламирање на и во автобусите се должи пред сé на фактот што денес, автобусите претставуваат едни од најпопуларните и најнеопходни возила во јавниот транспорт на современиот градски живот.

Благодарение на неговиот капацитет да пренесува голем број патници, лесниот пристап до високо населени урбани средини, но и на помалку населени рурални средини, автобусот претставува интересен медиум преку кој пораката може лесно да стигне до големи специфични целни групи.

Во светската рекламна индустрија повеќе никој не ја доведува во прашање ефективноста на рекламирање на автобуси. Таа е потврдена со низа студии и истражувањa, а во медиумски планови на рекламните агенциите во светот автобусите се редовен медиум.

Во Македонија досега не била изработена детална студија или истражување за ефектите од рекламирање на автобуси, ефективноста на самиот медиум, перцепциите на потрошувачите за рекламите на автобусите, но не беа направени ниту точни мерења за досегот на рекламите кои се испраќаат преку рекламирање на и во автобусите.

Во таа насока за потребите на МАРАТОН bus advertising, од страна на РЕЈТИНГ, специјализирана агенција за истражување на пазарот и јавното мислење во Македонија, беше изработена Студија која има за цел да даде одговор токму на сите овие прашања и претставува водич за клиентите и рекламните агенции кои сеуште имаат сомнеж во ефективноста на автобусите како медиум.

Анализата на истражувањето е во насока на евалуација на ефективноста на овој медиум во однос на другите медиуми за надворешно рекламирање. Преку анализата на Истражувањето надополнето со истражувања од светски реномирани институции на истата тема, се добива реална слика за сите карактеристики на рекламирањето на автобуси, бенефициите кои тоа ги носи за огласувачите како и позицијата на самиот медиум во однос на другите медиуми.

Анализата се осврнува и на целните групи кои најпрецизно може да се таргетираат преку рекламите на и во автобусите и како максимално да се искористи ефектот од овој вид рекламирање во комбинација со останатите медиуми за креирање на ефективен медиа план.

Во продолжение ќе Ви пренесеме неколку клучни поенти од истражувањето а истото ќе можете и да го симнете целосно на крајот од оваа статија.

Ефективност на медиумите: Постои ли презаситеност од рекламите во медиумите?

Еден од основните индикатори за ефективноста на различните видови на медиуми е нивната можност да го привлечат вниманието на посакуваната целна група. Меѓу другите прашања кои го мерат ова, многу е важно да се знае колку и дали граѓаните сметаат дека поединечните медиуми се пренатрупани со реклами.

На прашањето “Во секој од следниве медиуми кажете ми дали има премногу или доволно реклами? “, добиени се следните одговори:

 

Истражување на агенција РЕЈТИНГ ,  2013 год.

Истражување на агенција РЕЈТИНГ , 2013 год.

 

Ефективност на различните видови медиуми.

Кога се употребуваат надворешните средства за рекламирање, едно од најзначајните прашања е каде граѓаните најчесто ги забележуваат рекламите кога се наоѓаат надвор од своите домови. За таа цел беше поставено следното прашање:

На кој од следниве медиуми сте забележела реклама во последната недела?” , еве што одговориле испитаниците:

Истражување на агенција РЕЈТИНГ, 2013 год.

Истражување на агенција РЕЈТИНГ, 2013 год.

 

Резултатите од ова испитување ја потврдуваат претпоставката дека рекламите кои го користат автобусот како средство за рекламирање имаат најголема можност да бидат забележани од сите учесници во сообраќајот.

Перцепција за рекламите на автобусите:

“Која од следниве карактеристики би им ја препишале на рекламите на и во автобусите?“

Истражување на агенција РЕЈТИНГ, 2013 год.

Од графиконoт може да се заклучи дека убедлив процент од испитаниците, дури 92.8% сметаат дека рекламите кои се поставени на автобусите и во неговата внатрешност се видливи и лесно забележливи. Овој податок се поклопува со претходните истражувања, чии резултати исто така ја акцентираа видливоста на рекламите на автобуси имајќи ја предвид гломазноста и подвижноста на овие возила. Но, не е многу помал процентот и на оние испитаници кои сметаат дека рекламите се информативни и корисни. 82.5% од испитаниците одговориле потврдно на ова прашање, што значи дека благодарение на овој вид на рекламирање, граѓаните се стекнале со корисни информации во врска со рекламираните производи и разните кампањи кои го користеле автобусот како средство за рекламирање.

Една од најзначајните предности на Рекламирањето на автобуси преставува можноста за креативен и иновативен пристап кон рекламирање на производот, со оглед на огромниот простор кој им е достапен на рекламните агенции, компании и фирми да ги рекламираат своите прозводи.

Нешто повеќе од 3/4 или 75.5% од испитаниците одговориле дека токму иновативниот дизајн на рекламите им оставил најголем впечаток. Моментално рекламниот простор на автобусите е повеќе од 20 м2, на поставеност на рекламниот простор видлив од големи далечини и со ништо не попречен од големи далечини, за разлика од стандардните форми на рекламен простор кај билбордите од 12 м2.

Понатаму, речиси 2/3 или поточно 66.3% од испитаниците одговориле потврдно на прашањето дали рекламите кои се поставени на автобусите одговараат на нивните потреби.

Билборд V.S Автобус

Со цел да добиеме релевантни резултати при компаративната анализа, истите прашања им беа поставени на испитаниците и за билбордите, односно кои карактеристики би им ги препишале на билбордите? Анализата покажува дека граѓаните им препишуваат речиси идентични позитивни карактеристики и на автобусите и на билбордите, со тоа што негативните карактеристики (како оштетување , нападност) во нешто повисок процент ги карактеризираат билбордите.

Споредба на ставовите на граѓаните во однос на карактеристиките на рекламите на билбордите и автобусите

Целта студија на агенцијата РЕЈТИНГ околу ефективноста на медиумот, перцепциите на потрошувачите и мерењата на досегот на рекламите на двокатните автобуси во Скопје, можете да ја погледнете на следниов ЛИНК , а еве во продолжение некои од најбитните заклучоци:

•Автобусите претставуваат еден од најдобрите медиуми за надворешно рекламирање кој не заостанува по ниеден параметар од другите традиционални медиуми за ваков вид рекламирање, поради што е пожелно рекламирањето на автобуси да претставува дел од сеопфатна медиумска кампања

•Новите двокатни автобуси во Скопје се одлично прифатени од граѓаните, а бројот на патници на годишно ниво постојано расте и станува исклучително масовен медиум со публика во и надвор од автобусите. Тргнувајќи од овие резулати може да се очекува дека производите кои се рекламираат на автобуси, имаат уште подобар прием кај потенцијалните конзументи, со оглед на општото задоволство од изгледот на самиот медиум на кој се поставени рекламните пораки

•Рекламите на и во автобусите се најмалку игнорирани ако се знае дека се најмалку нападни и за нив дури 73% од анкетираните сметаат дека ги нема премногу

•Дури 66.8% од анкетираните изјавиле дека виделе реклама на или во некој од автобусите во изминатите 7 дена

•За повеќе од 75% од граѓаните автобуските реклами се видливи, лесно забележливи, иновативни и корисни. Само 20% сметаат дека рекламите на автобусите се нападни наспроти 25% што истото го изјавиле за билбордите

•Рекламирањето на и во автобуси е идеален медиум за неконвенционални форми на медиумски кампањи

•Патниците во просек патуваат на една релација во автобус од 20 минути што е идеално време да се запознаат со рекламните пораки и идеална можност да се влијае врз купувачите во моментот кога тие се физички подготвени да купуваат производи

•Инстиктивно, луѓето прво ги забележуваат објектите кои се движат и подвижните реклами ги привлекуваат луѓето да се свртат и да го проследат движечкиот објект, а со тоа и да ја видат рекламата

•Автобусите овозможуваат прецизно територијално таргетирање од центарот на градот па се до далечни рурални населби каде другите надворешни медиуми малку допираат

•Цената за рекламирање на автобусите споредбено со другите медиуми, особено за надворешно рекламирање е особено конкурентна, особено што овој тип рекламирање дава најголема ефикасност за вложените пари, и тоа сo најниски трошоци пораката да се пренесе на илјада гледачи (CРТ- Cost per Thousand

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365