Home » Во фокусот » Рекламите се главните “виновници“ за бавното вчитување на веб страниците

Рекламите се главните “виновници“ за бавното вчитување на веб страниците

Заклучокот на анализата направена на повеќе од милион најпопуларни интернет локации е дека рекламните огласи најмногу го успоруваат вчитувањето на веб страниците

Во истражувањето спроведено од страна на програмерот Патрик Хјулс е испитувано кои програмски кодови се вчитуваат најдолго.

Околу 60 отсто од вкупното време на вчитување на страниците се троши на скриптите кои ги прикажуваат рекламите или ги анализираат активностите на корисниците.

Сепак, употребата на блокаторите на реклами можеби не е најдобар начин да се избегне застојот и да се забрза вчитувањето на веб страните, напоменува тој.

До резултатите Хјулс дојде со прибирање на податоци од десктоп и мобилни верзии на популарни сајтови, на кои се наоѓаат програми напишани во Javascript. Тоа е најчесто користен програмски јазик кој им овозможува на програмерите да ги направат сајтовите интерактивни.

“Javascript кодови во рекламите на Google и аналитичкиот систем, во неколку милиони примероци, беа пронајдени на најголем број на сајтови”, изјави Хјулс.

Кога се користат заедно на сајтот, тие можат да додадат повеќе од две третини секунди време за вчитување.

“Сепак, не сите успорувања се поврзани со рекламите и аналитиката”, додава Партик Хјулс. Другите фактори, како што се мрежата и големина на датотеките, исто така, може да придонесат за побавно вчитување.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365