Home » Во фокусот » Рекламната кампања ‘’Љубовта нема етикети’’ (Love has no labels) доби Еми награда за најдобра реклама

Рекламната кампања ‘’Љубовта нема етикети’’ (Love has no labels) доби Еми награда за најдобра реклама

Виралната “Love Has No Labels”- дел од кампањата за диверзитет и инклузија креирана од страна на  продукциската куќа Mindride и  Ad Council  ги зароби срцата на гласачите на Еми наградите кои и ја доделија наградата за најдобра реклама.

Спотот креиран на Денот на вљубените (2015), доби награда за најдобра реклама на креативните Еми награди (Creative Arts Emmys) во саботата во  Microsoft  театарот во Los Angeles.  Ова е прв вид на победа за  PSA реклама во историјата на  Emmy наградите.

Рекламата вклучува X-ray screen со човечки скелети кои танцуваат, се гушкаат и се бакнуваат. Секое појавување покажува вљубен пар кој е репрезент за различни религии, раси… демонстрирајќи дека љубовта нема етикети.
Ова видео победи во конкуренција на 4 спотови на различни брендови и тоа : спотот на Gatorade “Dear Peyton креиран од страна на TBWA\Chiat\Day; Snickers’ “Marilyn” креиран од страна на BBDO; Honda- “Paper” креиран од RPA; и спотот на Google наречен “Year In Search 2015” креиран од страна на 72andSunny.

“Голема чест ни е признанието од страна на Националната академија за телевизиски уметности и науки преку оваа награда, би сакале да им заблагодариме на своите медиумски партнери и овој неверојатен бренд кои ни помогнаа оваа кампања да биде успешна’’- изјави Lisa Sherman, претседател и CEO на компанијата Ad Council. ‘’ Благодарни им сме на сте кои ја погледнаа и споделија нашата кампања, и ја споделија нашата порака за љубов и инклузија.”

Задоволство е нештото за кое работиш и во кое толку страсно веруваш е гледано и споделувано помеѓу голем број на луѓе’’- додади Nick Law, глобалниот креативен директор на R/GA. “ Но нашата најголема надеж е тоа што оваа реклама допринесува за нова перспектива во Америка, а се темели на прифаќање.
Кампањата поддржана е од партнерите: Bank of America, Coca-Cola, Google, PepsiCo, P&G, Unilever, State Farm, Wells Fargo , непрофитни организации и институти како The Perception Institute, the Southern Poverty Law Center и Anti-Defamation League.
Овој спот прегледан е повеќе од 160 милиони пати, што го рангира како второто најгледано видео за социјален активизам на сите времиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365