Home » Во фокусот » Рекорден број посетители на 19-тото Бизнис Кафе Македонија

Рекорден број посетители на 19-тото Бизнис Кафе Македонија

Преку 250 гости беа дел од синоќешното незаборавно Бизнис Кафе Македонија кое дефинитивно ги подигна границите за организирање на бизнис-нетворкинг настани во државава.

Foto3_Biznis kafe 19

Во преполниот Нола ланџ-бар во Скопје, посетителите имаа можност да се дружат и да слушнат од искусни, светски признаени маркетинг експерти кои несебично го споделија своето искуство, погледи и совети за бизнис-светот кој не опкружува.

Ова издание на Бизнис Кафе беше организирано во партнерство со македонската агенција за органзиирање на настани P World, која за оваа прилика обезбеди тројца исклучително признати гости од светот на политичките комуникации и односите со јавноста.

Foto 4 _ BK 19 Gosti

 Г-ѓа Мери Џо Џејкоби, поранешен претседателски советник и глобален експерт за репутација со работно искуство во водење на компании како: BP America, Royal Dutch Shell, Lethman Brothers, HSBC , пред гостите на Бизнис Кафе Македонија зборуваше за предизвиците кои комуникациските стручњаци ги имале како дел од високата политика во САД и разно-разните примери на решавање на комуникациски кризи за некои од најголемите светски брендови за кои имала прилика да работи.

Г-дин Патрик Џефсон  го сподели своето искуство од 8-годишната соработка како генерален советник на принцезата Дајана и опкружувањето со елитите кои се придружен декор во секојдневните активности како поручник во Викторијанскиот ред.

FOto lazar_19BK

Посетителите имаа можност да се дружат и да го слушнат и Г-дин Лазар Џамиќ, доскорашен директор на брендот за планирање на маркетинг агенцијата на Google , Google ZOO, еден од најбараните светски говорници-експерти за дигитални комуникации кој зборуваше за адвертајзинг светот кој секојдневно се менува и како денешните маркетинг професионалци треба да се издвојуваат од “адвертајзингот кој загадува“ и да се насочат кон “адвертајзингот кој создава вистински врски и вредности“.

За крај, посетителите слушнаа од Г-дин Коста Петров, основач и извршен директор на P World, кој го сподели своето искуство како е да се биде македонски претприемач кој со својот бизнис решил да го освојува светот и кои се проблеми и препреки ги имал надминато со неговиот тим за да денеска може со гордост да  каже дека Македонија го има светскиот лидер во организирање на елитни бизнис настани.

Foto2_biznis kafe 19

После официјалниот дел следуваше уште и неколкучасовна нетворкинг дружба меѓу присутните на која гостите имаа можност во опуштена атмосфера да се дружат и забавуваат, притоа креирајќи нови деловни пријателства и бројни соработки.

Главни покровители на 19-тото Бизнис Кафе Македонија беа: КД Фондови, Property Alliance – City Investment Group  и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365