Home » Digital » Реорганизација во Фејсбук, што се случува со Закерберг?

Реорганизација во Фејсбук, што се случува со Закерберг?

Извршниот директор на најпознатата социјална мрежа на светот, Марк Закерберг, ги задржа своите овластувања во оваа компанија која се бори да го поправи имиџот после скандалот со злоупотреба на личните податоци на корисниците, поради кој повеќе високи раководители добија нови задолженија

Портпаролот на компанијата потврди дека вчера дошло до реорганизација, која е најзначајна уште од основањето на Фејсбук пред 15 години.

Сепак, Закерберг и неговата најблиска соработничка Шерил Сандберг не се изложени на никакви промени.

Човекот кој е многу близок до Закерберг, Крис Кокс, во иднина ќе биде задолжен за Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger.

До промени дојде и во тимовите за производи и технологија, односно создадени се три тима од кои еден ќе биде посветен за blockchain технологијата, применета на криптовалутите, а ќе ја води досегашниот шеф на Messenger, Дејвид Маркус.

Хавиер Оливан, уште еден висок функционер во компанијата, ќе го предводи одделот за безбедност и рекламирање на бројни производи.

Сајтот „Recode“ пренесува дека иако на повеќе од 10 луѓе им се доделени нови функции, се чини дека никој нема да ја напушти компанијата.

До промени доаѓа непосредно откако основачот на WhatsApp, Јан Коум, кој во 2014 година ја продаде оваа апликација на Фејсбук за 19 милијарди долари, објави дека заминува од компанијата, поради, како што тврдат американските медиуми, несогласувањата во врска со приватните податоци на корисниците.

Имиџот на Фејсбук е сериозно нарушен, откако во март беше откриен скандалот со компанијата Кембриџ Аналитика, поврзан со претседателската кампања на Доналд Трамп, која на незаконски начин дошла до личните податоци на неколку милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Закерберг повеќе пати јавно се извини, дури и пред конгресот на САД, каде од него беше побарано да открие се за лажните вести и другите начини за политичка манипулација на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365