Home » Во фокусот » Репортери без граници: Оваа година во светот се убиени 80 новинари и 348 се во затвор

Репортери без граници: Оваа година во светот се убиени 80 новинари и 348 се во затвор

Најмалку 80 новинари се убиени во светот во 2018 година поради нивната работа, објави невладината организација Репортери без граници.

Повеќе од половина настрадале во само пет земји: Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија, се вели во годишниот извештај за слободата на медиумите во светот, објавен во вторникот во Берлин.

Според овие податоци, 15 новинари се убиени во Авганистан, 11 во Сирија, 9 во Мексико, 8 во Јемен и 6 во Индија. Во извештајот исто така се наведува дека шест новинари се убиени во САД, од кои четири се убиени во нападот на весникот Capital Gazette во Мериленд.

Репортери без граници укажува дека 348 новинари во светот се во затворите, најголем дел во пет земји: Кина (60 новинари), Египет (38 новинари), Турција (33), Иран (28) и Саудиска Арабија (28).

Во последните десет години, во светот се убиени 702 новинари. Новинарите кои известуваат за вооружените конфликти во светот се изложени на најголем ризик, но исто толу се убиени и надвор од вооружените конфликти, а во овие случаи виновниците често знаат да се извлечат неказнено, се вели во извештајот.

Организацијата посочува дека во земјите како што се Кина, Египет, Иран и Саудиска Арабија постојано се смислуваат нови методи на угнетување. Граѓанското новинарство најмногу страда од овие методи кои вклучуваат контрола на интернетот, со цел да се контролираат блогерите и новинарите, кои објавуваат текстови на интернет или на социјалните мрежи.

Во 2018 година, 60 новинари беа киднапирани во светот, шест повеќе од минатата година. Овај начин на прогон е вообичаен за Блискиот Исток, се вели во извештајот. Освен еден случај, сите киднапирања се случиле во Сирија, Јемен или Ирак.

Организацијата ги повика Обединетите нации да воспостават специјален пратеник за заштита на новинарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365