Home » Во фокусот » Репортери од Њујорк Тајмс ги откриваат страшните последици на климатските промени врз еко системот на Галапагос

Репортери од Њујорк Тајмс ги откриваат страшните последици на климатските промени врз еко системот на Галапагос

Во пресрет на Меѓународниот ден на планетата Земја, репортерот Николас Кејси и фотографот Џош Ханер од „Њујорк Тајмс“ живееле една недела на брод со цел да ги истражат последиците кои ги предизвикуваат климатските промени врз кревкиот еко-систем на островите Галапагос, едно од местата кои го инспирирале Чарлс Дарвин да ја развие Теоријата на еволуција.

Репортерите од прва рака ги согледале страшните ефекти на климатските промени – стерилни птици, морски лавови на умирање, популација на риби која исчезнува.

Оригинално наменето како извештај за климатскиот оддел на „Њујорк Тајмс“, искуството на двајцата репортери е илустрирано и преку краток спот креиран од страна на агенцијата Droga5, во режија на Даниел Линдзи и Ти-Џеј Мартин од продукцијата Furlined.

Спотот е објавен како дел од поголемата кампања „Вистината вреди“ на „Њујорк Тајмс“. Во рамки на кампањата претходно беа објавени и спотови кои известуваат за политички злоупотреби и мигрантската криза, илустрирајќи ги напорите кои ги прават новинарите за да дојдат до вистинската приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365