Home » Најнови вести » “Represent Communications” е прогласена за најдобра ПР агенција во Србија за 2017 година

“Represent Communications” е прогласена за најдобра ПР агенција во Србија за 2017 година

Foto:ANDJELKO VASILJEVIC

Represent Communications уште еднаш ја освои престижната награда за најдобра ПР агенција минатата година – PRiznanje 2018.

Освен наградите за најдобра агенција на годината, Represent Communications освои уште три дополнителни награди:

  • Награда во категоријата корпоративни комуникации за големи компании, за проектот за промовирање на одржлив развој на компанијата Хемофарм
  • Награда за корпоративни комуникации за мали и средни претпријатија со компанијата DHL
  • Награда во категоријата за комуникација на општествено-одговорна компанија со фондацијата Хемофарм.

“Наградата за агенција на годината е признание од сите наши колеги дека минатата година научивме најмногу во професијата и најмногу напредувавме. Благодарение на нашите клиенти кои веруваат во нас поради што инвестираат се повеќе и повеќе во дигиталните промени кои ги нудиме со content marketing-от. Верувам дека оваа награда ќе ни даде забрзување во понатамошниот развој на првата дигитална платформа Contento и развојот на нашата регионална мрежа, која сега опфаќа четири земји. Голема чест е да се биде најдобар во работата со која се занимавате, благодарност до колегите од професијата кои ова ласкава награда ја доделија на нашиот Represent тим “- рече д-р Борислав Миљановиќ, основач и директор на Represent System.

Агенцијата “Represent Communications” има свои канцеларии во 4 земји во регионот и е дел од Represent System-от кои се содржи од ПР агенции во Белград, Подгорица, Бања Лука и Скопје; Contento- платформа за сеопфатен пристап за создавање, дистрибуција и аналитика на содржини достапни на Интернет; The Content Studio, Native Network и бизнис списанието BizLife.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365