Home » Во фокусот » Ресенчанецот Иво ја даде идејата за најдобрата регионална маркетинг кампања за “Св. Валентин“

Ресенчанецот Иво ја даде идејата за најдобрата регионална маркетинг кампања за “Св. Валентин“

Македонскиот дизајнер, ресенчанецот Иван Дургутовски, пред некое време на интернет објави постер “I have a Kraš on you“ , каде англискиот збор Crush (кој жаргонски значи : се заљубив, заљубеност) го замени со логото на компанијата Краш.

I have a Krash on you

Оваа интересна игра на зборови ги освои корисниците на социјалните мрежи, спонтано се прошири низ целиот регион и стигна до самата компанија Краш – кои мошне паметно препознаа голем потенцијал во оваа идеја и го ангажираа Иво да направи лого за нивната кампања посветена на овогодинешниот “Св. Валентајн“- денот на заљубените.

„Луѓето од ‚Краш‘ контактираа со мене и ми понудија да се вклучам во проект по повод денот на вљубените, во кој се примени идејата на мојот постер. Веднаш почнавме со работа заедно со тимот на хравтската креативна агенција ‚Драп‘. Имено, во дел од чоколадните пакувања беше вграден слоганот за којшто зборуваме, а чоколадите, потоа, им беа подарувани на вљубените двојки во еден загрепски трговски центар. Не можам да кријам: ова беше прекрасно искуство за мене и придонесе кон мојата промоција како графички дизајнер, но уште повеќе ми е драго што на овој начин го промовираме и квалитетот на Македонија, кој допрва ќе стане видлив. Благодарение на интернет-комуникацијата, конечно, ја пробивме капсулата во која долго бевме затворени. Од сето ова, најпосле, извлеков едно наравоучение: ништо не е залудно“, – изјави Иво за порталот Излез.

Размислувајќи како да ги изненадат заљубените парови за “Свети Валентин“, во Краш се запрашаа како паровите би реагирале кога заедно со љубовните пораки кои ги разменуваат преку Фејсбук, добијат и чоколадо :)

После очекуваните позитивни реакции од страна на случајни минувачи на улица, во Краш смислија оригинална машина која љубовните пораки ги испишува на соодветно “I have a Kraš on you“ пакување на Дорина чоколадо. На самиот “Св. Валентин“, машината беше поставена во Avenue Mall  шопинг центарот во Загреб каде предизвика голем интерес од сите генерации..

Погледнете како изгледаше сето тоа…

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365