Home » Extra 5 » Решајте го овој квиз и проверете колку знаете за една од најголемите опасности на интернет

Решајте го овој квиз и проверете колку знаете за една од најголемите опасности на интернет

Фишинг е најчестата форма на сајбер напад и често е само првиот чекор во започнување на големи и комплексни сајбер напади и претставува огромна закана за корисниците.

Некои од најголемите хакерски напади започнале со испраќање на т.н. “фишинг мејлови во кои испраќачот се обидува да да го измами примачот на мејлот за да стигне до некои од неговите лични податоци, како што се кориснички имиња и лозинки за социјални мрежи, мејлови, банкарски услуги и слично. На пример, ако добиете мејл за кој ви се чини дека е од вашиот директор (неговото име се појавува како име на испраќач) и кога во тој мејл се наоѓа линк на кој треба да кликнете и кој ќе ве однесе до некој сајт или сервис на кој е потребно да се пријавите со официјалнииот мејл  (и шифра, се разбира), дел од корисниците нема ниту да се посомневаат дека станува збор за измама.

Но некои вешти измамници можат лесно да направат фишинг мејл и лажна страница на која се доаѓа со кликнување на линкот од мелјот – со внесување на податоци за мејлот и шифрата, овие податоци се пренесуваат до хакерите кои можат понатаму да ги искористат за пристап до вашиот мејл, од каде што може да се извлечат лични податоци, компромитирачки пораки, фотографии и сл.

Затоа е исклучително важно секогаш да се биде внимателен и доколку се посомневате дека мејлот е лажен, никогаш не кликнувајте на линковите во него или не преземемајте ги прилозите кои пристигнале со мејлот – со нивно активирање може, на пример, да се активира некоја малициозна програма, која може да украде работи од вашиот компјутер, да го заклучат компјутерот, итн.

За да им помогнат на корисниците во откривањето на ваквите фишинг мајлови кои би можеле да им создадат големи проблеми, компанијата Jigsaw, која е дел од Google Alphabet, претстави еден интересен квиз кој секој треба да (се обиде) го реши.

Квизот е направен врз основа на безбедносни обуки кои компанијата ги спроведе со речиси 10.000 новинари, активисти и политички лидери низ целиот свет и е базиран на најновите тактики со кои се служат измамниците при  испраќање на фишинг мејлови. Во квизот се прикажани примери на мејлови за кои сами треба да одредите дали се вистински или фишинг мејлови. Примерите на мејлови од квизот ни покажуваат колку е тешко е да се препознаат вистинските од лажните пораки, а секој пример има образложение кое им помага на корисниците во препознавање на измамате и ги предупредува на она што треба да обрнат внимание кога добиваат вакви мејлови.

Од компанијата Jigsaw велат дека фишингот е најчестата форма на сајбер напади и дека секој стоти мејл испратен денес е фишинг, а овој вид на напад е особено голема закана за онлајн корисниците и често е само првиот чекор во започнување на големи и комплексни сајбер напади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365